2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Општина Крушево заедно со општините Новаци и Могила добија вкупно 773 микрочипови за бездомни кучиња. Истите ќе бидат аплицирани на бездомните кучиња и со тоа продолжува процесот на идентификација и хуман третман на кучињата и безбедност за граѓаните. Веќе неколку години по ред општина Крушево активно работи на овој проблем со ангажирање на изведувач кој се грижи за хуман третман на кучињата бездомници, а со тоа и безбедност на улиците во Крушево за граѓаните. Микрочиповите се распределуваат на општините од страна на Агенција за храна и ветеринарство врз основа на одлука на Влада на Република Северна Македонија од 45-тата седница.

„Бележиме намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во сообраќајни незгоди во 2020 година, а овие трендови се уште повидливи во јануари 2021 година. Во јануари 2021 имаме намалување на жртвите од сообраќајни незгоди за 56 отсто, споредено со јануари минатата година. Во јануари оваа година има четири жртви, а во јануари 2020 година имало девет жртви. Вкупниот број на сообраќајни незгоди пак во јануари е намален за 19 отсто. 2020 година пак е година со најмал број на жртви во историјата- 125 и доколку се направи анализа евидентно е дека од 2017 година оваа бројка постојано се намалува- соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес конференција. 

Но, ние како министерство, потенцира Спасовски, продолжуваме со интензивни мерки и активности за оваа бројка да биде многу помала и статистиката од месец јануари покажува дека сме на добар пат.

„Една од мерките со кои сакаме да влијаеме на свеста на учесниците во сообраќајот е изработката на мапа на црни точки, односно места каде во 2020 година најчесто се случувале сообраќајни незгоди со тешки последици. Апелирам до медиумите, да ја споделите оваа мапа со јавноста и да ги информираме граѓаните за да бидат внимателни на овие места, а полицијата ќе има континуирани засилени контроли на овие т.н. црни точки и на тој начин да придонесеме да се намали бројот на сообраќајни незгоди.  Продолжуваме и со засилените контроли особено на автопатите, но и на другите патишта, како и улиците во населените места“,рече Спасовски.

 На картата со црни точки Битолскиот Регион е на четвртото  место одназад. Поставени се 13 црни точки, меѓу кои Скопје на 13 место, односно со најголем број на сообракајќи, па Прилепско на 12 место, Велешкиот регион на 11, Охридско на 10 место итн.  

Јавното претпријатие "Водовод" целосно ја заменува старата дотраена водоводната мрежа на дел од улицата "Климент Охридски" во центарот на градот, наместо постојано да ги санира дефектите. Од "Водовод" велат дека промената ја извршуваат со сопствени средства.

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 4 февруари (четврток)  2021 година  започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита ( сите парични прaва) за месец јануари 2021 година:

 

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 февруари  2021 година.

 

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19,за  корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

   

-  04.02.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

   

- 05.02.2021  (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

 

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

 

 

Градоначалничката Наташа Петровска и претседателката на Здружението на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ” Евгенија Николовска, во Општина Битола потпишаа заеднички Меморандум за соработка. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани