2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На денешен ден, 27 јануари 1993, во село Бистрица, Битолско., почина Богоја ФОТЕВ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Роден е на 14 август 1900 г. во селото Герман, Леринско, Егејскиот дел на Македонија. Во напредното комунистичко движење од пред Втората светска војна. По окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија активно работи на организирање на антиокупаторска борба. Заради својата дејност уапсен и затворен од бугарските фашистички окупаторски власти.

Делегат на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 г. и член на Президиумот на АСНОМ. Подоцна назначен за повереник за финансии и секретар на Президиумот на АСНОМ. На Второто заседание на АСНОМ кое се одржа во Скопје од 28 до 30 декември 1944 г. избран за повереник за земјоделство. На Третото заседание на АСНОМ во Скопје од 14 до 16 април 1945 г. избран за член, а во пролетта на 1945 г. и за претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија.

Во 1949 г. се изјасни во полза на Резолуцијата на Информационото биро (ИБ) и е отстранет и изолиран од општествено-политичкиот живот.

Носител на Партизанска споменица 1941. 

 

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 
 

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватната лабораторија на клиниката Жан Митрев во Скопје, при анализа на примероци од јануари,напиша Филипче на неговиот фб профил. 

Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен. Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен. Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.

Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која ја проследија до МЗ, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2, напиша министерот Филипче ма неговиот фб профил. 

Во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 190
-Кавадарци 29
-Велес 19
-Делчево 16
-Куманово 14
-Охрид 12
-Дебар 12
-Гостивар 11
-Прилеп 7
-Штип 7
-Битола 7
-Берово 7
-Демир Капија 7
-Кичево 6
-Тетово 5
-Струмица 5
-Гевгелија 5
-Свети Николе 4
-Неготино 4
-Виница 4
-Струга 3
-Кочани 3
-Крива Паланка 3
-Радовиш 3
-Крушево 3
-Ресен 2
-Пробиштип 2
-Кратово 2
-Пехчево 2
Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Регистрирани се 387 оздравени пациенти од:
-Скопје 255
-Куманово 21
-Тетово 15
-Струмица 15
-Велес 14
-Ресен 12
-Битола 11
-Дебар 8
-Гостивар 7
-Кавадарци 5
-Штип 4
-Кичево 3
-Демир Хисар 3
-Делчево 2
-Охрид 2
-Гевгелија 2
-Свети Николе 2
-Кочани 2
-Богданци 2
-Берово 1
-Валандово 1
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726.
Досега во земјата се направени вкупно 448.031 тестирања на Ковид -19.

Со примена на мерките за заштита од ковид-19, одредени активности во Здружението на пензионери нормално се одвиваат. На денешната 27 седница на Извршниот одбор со која претседаваше Томе Димитровски беа донесени неколку одлуки кои се од суштинско значење за поуспешна работа на пензионерската организација. 

Покрај другото, стана збор и за начинот на запишување огревно дрво оваа година. Бидејќи лани во врска со снабдувањето со огревно дрво имаше одредени потешкотии, годинава ќе се настојува таа активност поуспешно да се извршува. Уписот на огревни дрва започнува утре, а ќе бидат запишувани според одлуката на републичките органи за определување на одредени количини. На седницата беа донесени и неколку други одлуки од административен карактер.    пензионери 4

Во Институтот е и заоставштината на професорот Михаил Д. Петрушевски, поранешен ученик на битолската гимназија „Јосип Броз- Тито“, подоцна филолог, академик, ректор на Скопскиот универзитет,  која направил препев на едни од најзначајните дела од античката литература, „Илијада“ и „Одисеја“

 

Во меѓусебна соработка на предметниот наставник по класични јазици Софија Бејковска и професорот по старогрчки јазик Валериј Софрониевски од Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет, Гимназија „Јосип Броз – Тито“ имаше прилика да го збогати својот библиотечен фонд со дела вредни од областа на античката литература и класичната филологија.

„Се работи за подарок од вработените на Институтот за класични студии како и од други класични филолози, преведувачи на античките дела. Во збирката која ни е доставена има и поранешни преводи и препеви на книги, преводи од поново време, како и вредни речници и друга стручна литература напишана од македонски автори. Има и некои постари изданија на книги кои сега не можат да се најдат и да се купат во книжарниците“, соопштија до Гимназијата за Апла.мк

Инаку, библиотеката на Институтот за класични студии е една од најстарите и, бездруго, најбогатата библиотека на Филозофскиот факултет во Скопје. Опфаќа повеќе од 40.000 наслови: оригинални текстови на старогрчки и латински јазик, книги од областа на класичната филологија (со голем број речници, лексикони и енциклопедии, меѓу кои и ретки наслови како Pauly-Wissowa енциклопедија) и науките сродни на неа. Во богатиот библиотечен фонд има бројни стари книги од XVIII, XVII и триесетина од XVI век; најстарата книга- Евклидовите “Елементи” датира од 1520 година. Преку постојаната размена на списанието Жива Антика во библиотеката секојдневно се слеваат голем број периодочни списанија, од кои добар дел не може да се најде никаде во нашето опкружување.

Во просториите на семинарот се наоѓа и колекцијата книги - заоставштина на професорот Михаил Д. Петрушевски. Тој бил ученик на битолската гимназија „Јосип Броз- Тито“,  подоцна македонски академикфилолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје на кој беше вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, како ректор на Скопскиот универзитет. Има направено препев на едни од најзначајните дела од античката литература, „Илијада“ и „Одисеја“.  „Скендербег“ од Григор Прличев, „Поетика“ од Аристотел и други дела.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани