АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Светскиот ден на стари лица, први октомври, Секцијата на жени од Здружението на пензионери Битола, Новаци и Могила го одбележа скромно, со посета на старите лица сместени во Јавната установа за стари лица ,,Сју Рајдер“ Битола. По тој повод Секцијата донираше сезонско овошје за штитениците на домот.
„Средбата и разговорот со нив беше топла и добредојдена. Им посакуваме здравје и долг живот, со желби повторно да се сретнеме“, рече Даница Петличкова, претседателка на Здружението на пензионери од Битола.
Уште еден вработен во хосписот "Сју Рајдер" во Битола е позитивен на КОВИД 19, со што вкупниот број на заболени од персоналот се искачи на 7. Од пациентите заразени се 33, а се очекуваат резултатите за уште 15.
Советот да донесе заклучок со кој ќе се поднесе барање до Основното јавно обвинителство и други надлежни институции за да се истражи случајот со реновирањето на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола од времето на Валдимир Талески, побара на денешната седница координаторот на советниците од СДСМ и коалицијата, Методија Илиевски.
„Бидејќи мораме да ги санираме остатоците од претходната власт, предлагам во име на транспаретноста и расветлувањето на вистината до крај, да донесеме одреден заклучок за поднесување на барање до ОЈО и другите надлежни инстутуции за истражување на случајот со реновирање и реконструкција Домот за стари лица ‘Сју Рајдер’ павиљон 1 и 2. Ова барање е врз основа на договорот заверен во Министерството за локална самоуправа по број 10/117/3 од 19.12.2011 година поради постоење основи на соменвање за сторено кривично дело. Со ова сакам да се заокружат сите искажани шпекулации дека Општината нема да поднесе соодветни мерки за расветлувањере на овој случај“, рече Илиевски.