
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со полагање цвеќе пред споменикот на Илинден во храмот на црквата Св. Недела во Битола, започна чествувањето на големиот македонски празник Илинден. Претставници од Советот на Општина Битола положија цвеќе во име на градоначалникот Наташа Петровска, која денес присуствуваше на свечената церемонија во Крушево. Цвеќе положија и претставници од Советот на Општина Битола и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Кај споменикот на двата илиндена пред Центарот за култура, во чест на големиот и светол празник Илинден, делегација од Советот, предводена од советничката Виолета Дракалска, положи свежо цвеќе. Во чест на празникот и жртвите кои ги положија животите за денешната слободна Македонија, со свежо цвеќе почест им оддадоа и делегациите од Советот на Општина Битола, Општинската организација на Сојузот на борци Битола, како и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
„Моето и влијанието на градоначалничката ќе го искористиме во следниот период да се лоцираат повеќе средства кои ќе се инвестираат во Општина Битола и мислам дека доаѓаат добри моменти за граѓаните на Битола. Периодот кој следи интензивно ќе разговараме кои проекти можеме да ги понудиме. Дел од буџетот за оваа година е затворен, се надевам дека со ребалансот ќе одделиме некои средства. Понатаму, сите проекти кои се подготвени ќе ги пријавиме на конкурсите за прекугранична соработка зашто до крајот на годината ќе има таков повик за соработка со Грција, а и преку средства од буџетот за регионален развој на Министерството ќе алоцираме средства наредната година, “, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски запрашан што може од таа позиција да направи за родниот град.
Лидерот на опозицијата, при својата посета на Битола, повторно се наврати на проблемот со иселувањето на младите, кој не беше толку актуелен за нив кога немо го следеа најбројното исселување на нашите другари и другарки, рече на денешниот прес Васко Колевски од СДММ Битола.
Борис и Васка Алтипармак се запишани на Почесниот ѕид на праведниците во Јад Вашем, Израел, кој е меморијален центар за Евреите погубени во Холокаустот. Тоа се битолчани кои во виорот на Втората светска војна успеале да спасат четворица млади Евреи од депортација во логорите во Полска. Од благодарност кон нивната хуманост, Израел пред 28 години им ја додели титулата „Праведни меѓу народите“, медали и сертификат на честа.
Со меѓународни искуства ќе се изработува нова стратегија за рамномерен регионален развој во државата. Законот кој е донесен пред 10 години не ги даде очекуваните резултати, па постои голем диспаритет не само меѓу регионите, туку и во рамки на регионите.