
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иако жените умеат да кажат дека 8 Март не е ден за цвеќе, туку ден кога се одбележува борбата за нивните права, како и тоа дека жената заслужува внимание секој ден, а не само еден ден во годината, сепак, Битола е убава вака расцветана. А, убаво ги личи и мажите со цвет в рака
Рампите на железничкиот премин на Дулие останаа кренати кога денеска во 13 часот минуваше возот од Битола за Скопје.
Противпожарната единица од Битола во текот на јануари имала 51 интервеција, од кои 34 биле пожари на куќи од запалени оџаци. Во пет случаи целосно изгорела покривната конструкција и предизвикана е оргомна материјална штета. Најчеста причина за овие пожари се неисчистените оџаци и чадоводните канали
Проектот за изградба на прочистителна станица во Битола, ќе започне годинава, а градежните работи ќе завршат до 2021 година. Средствата се обезбедени преку фондовите на ЕУ, рече министерот за финансии Драган Тевдовски, на денешната трибина „Фер општество, шанса за сите“ што се оджа во Битола.
Битолчани кусо се израдуваа со пролетните температури, а утрово Битола повторно осамна под снежна покривка. Сепак од УХМР најавуваат дека веќе попладнево облачноста ќе се намалува, а од утре, 24 февруари, времето ќе биде сончево со мала облачност и умерен североисточен ветер.