2win800x200

Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола, Прилеп, Плетвар и на патните правци крак Маврово, крак Стража, информираат од АМСМ.

Висината на снежната покривка во Битола, според податоците од УХМР,  утрово во 7 часот изнесуваше 33 цм, со што е втор град со најмногу снег по Крушево каде снежната покривка е  36 цм. Најмалку снег има во Скопје, каде снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 4 сантиметри.  Врнежите од снег продолжуваат и претпладнево, а според прогнозите, околу пладне ќе бидат уште позасилени, што  дополнитлно ќе ја зголеми снежната покривка за 10 до 20 цм. Температурата во Битола ќе се се спушти до -5 степени.

На 07.01.2019 околу 19,35 часот пријавено е дека пред кафе бар на ул.Битолска во Демир Хисар дошло до физичка пресметка помеѓу   Д.Ј(40) од с.Вардино-Демир Хисар,  М.Г (25) од Битола,З.М (39) од Битола од една страна, а од друга страна Н.П(24) од с.Слепче-Демир Хисар и И.Т(24) од Демир Хисар, а се вклучиле и други лица.  Бил употребен и нож, а на М.Г. му била нанесена убодна рана. Приведени се четворица учесници. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од СВР-Битола. 

Утре ќе преовладува сончево и студено време со мала до умерена облачност.
Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се
спуштат под -10 степени, а во Пелагонија и до -18 степени.

По снежната ноќ, во Битола денес температурата падна до минус седум степени, а снежната покривка се искачи над триесетина сантиметри. Во текот на денот се очекува температурата да биде максимално до четири степени под нулата, а во попладневните часови да спадне до минус седум , вечерта на минус девет степени, а можно е и поголемо заладување.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани