
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Гледајќи ја состојбата во образовните установи во различни општини, Битола долго време беше запоставена од претходнаа власт во однос на капитални инвестиции и во однос на средства што се наменуваа за реконструкции и опремување на училиштата.
Денеска почна учебната година за 945 првооделенци во Битола, а од Општината велат дека училиштата ги отвориja вратите за првачињата. Дел од учениците биле примени на првиот училишен ден, а за други наставата почнува утре поради штрајкот на СОНК за повисоки плати на просветните работници, кој е предупредувачки и ќе тре само еден ден.
Од денеска започнува наплатата на паркинг услугите на четирите затворени паркинзи во Битола: кај Јавор, Стара автобуска, Центар за култура и Спортска сала, информираат од јавното претпријатие за паркинзи.
Кракот од магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Прилеп и Битола веќе е во Пелагонискиот регион. Досега се заврешни 70 проценти од оваа делница во вкупна должина од 92 километри, и надминати се голем дел од проблемите при експропријацијата и градбата. Се очекува изградбата на кракот чија крајна точка е Битола да заврши напролет, посочија при денешниот увид во работите на кракот, премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и директорот на МЕР, Бајрам Реџепи.
На локации во Битола и нејзината околина и во главниот град деновиве се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на турскиот режисер Сердар Акар, а во продукција на Сектор Филм од Скопје.