АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Долги години маргинализираната Битола, во последно време стана центар во агендите на политичарите. За два месеца во градот двапати дојдоа премиерот Зоран Заев и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Оштетена е една од спомен плочите поставена на местото на областниот централен бугарски фашистички затвор кај Црн Мост во Битола. На плочата која е скршена на половина стои името на Илиоски Иге од Дрен, прилепско, кој бил стрелан во 1941 година.
Овде биле затворани 250 политички затвореници, учесници во НОВ и Антифашистичкото движење од Македонија. Педесет од нив биле осудени на смрт, 20 на доживотна затворска казна, а останатите на строг затвор до 20 години.
Од 19 до 21 јули во Старата битолска чаршија ќе се одржи 12-то издание на традиционалниот „Локум фест“. Овој фестивал својата инспирација ја црпи од културното наследство на најопеаниот македонски град, градот Битола.
За прославите што во 15 градови ширум земјава ја организираше Владата на РМ под мотото „Македонија во НАТО и ЕУ-одиме напред“, премиерот Зоран Заев се појави единствено во Битола да ја испрати пораката за обединување околу остварувањето на стратешките цели на РМ.
За реконструкција на Булеварот „Први Мај“ од Ленски мост до мостот кај „Хигиена“ остануваат уште триесеттина метри. Просторот заличува на шеталиште и потсетува на старите добри времиња кога покрај реката Драгор на овој потег се движеле исклучило само пешаци, што не беше случај до пред неколку месеци кога помунуваа и возила. И дуќанџиите се задоволни од реконструкцијата на улицата, со надеж дека муштериите ќе имаат подобар и полесен пристап до нивните дуќани.