2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Жардиниерите на  Широк Сокак полни се со ѓубре. Кој како стигнал во нив, среде цвеќињата, ги оставил празните лименки и пластични шишиња од пијалоци, како и отпадоци од хартија и се друго. 

70964040 933759873627858 1941743053685391360 n

70859706 2738468462850441 7446597336978948096 n

Најдолгата пешачка зона, Широк Сокак, има сѐ помалку место за пешаци. Иако на секоја делница од главната битолска улица, поставен е сообраќаен знак за забрана за возила, запрежни коли,  велоспеди и мотори, сепак се почесто може да се забележи дека не се почитува сигнализацијата, со што во опасност се пешаците, а најмногу децата.

И покрај високите температури битолчани, но и странските туристи уживаат во претпладневните часови на  Широк Сокак уживајќи во  вкусно кафе и топол  ѓеврек. Мирисот на свежо печени ѓевреци ги мами минувачите  особено повозрасните кои се сеќаваат дека во Битола во минатото на секој агол, во секое  маало имало фурни.  

sirok

 

sirok 6

sirok 5

sirok 4

sirok 3

sirok 2

sirok 1

 

Со трска како да е трло е ограден еден од угостителските објекти на Широк Сокак.

Од рано наутро најдолгата пешачка зона во Битола, Широк Сокак, се мети и чисти од сметот и се подготвува за новиот ден.

Пред да се отворат дуќаните, кафичите и кафеаните за муштериите, комуналците ги чистат  и празнат контејнерите и кантите за отпадоци, а во тоа им помагаат и дуќанџиите.

Комуналците велат дека имаат полни раце работа, особено  сега кога во најголем дел од дуќаните се изложува новата пролетна гардероба.

 ss5

ss2

ss3

ss4

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани