2win800x200

Децата и вработените  од градинката „Естреја Овадија Мара“ со повеќе активности минатата недела го одбележаа патрониот празник  на установата - 25 Декември под мотото ,,Во срце те носиме, со тебе се гордееме". Го споделуваме видеото направено од  активностите  по овој повод. 

Обновата на повеќето детски градинки низ Битола се случува за првпат по повеќе децении. Така е и со градинката Вангел Мајорот,  клон на ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", каде после 40 години набавен е нов мебел,  откако претходно е поставен нов покрив на градинката, комплетно молерисан објектот и темелно лакиран паркет, исто така после 4 децении

Градинката "Снегулка", клон на ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", е петти објект со целосно променет лик, комплетно бојадисан  и темелно лакиран паркет после 23 години. Влагата и мувлата во градинките каде се згрижуваат најмладите, сега се веќе минато. 

Засега нема проблеми во процесот на згрижување на деца во градинките на ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", ја информирала градоначалничкатa Наташа Петровска, директорката на установата, Лидија Тфирст Митревска. 

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани