2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Енергетската трансформација почна од Осломеј, рече Ковачевски

Октомври 15, 2021

,,Како компанија, ние веќе ја почнавме енергетската трансформација-конкретно во РЕК Осломеј. Како што може да се види, во тек е изградбата на нашата сопствена 10-мегаватна фотонапонска електраната и уште една таква е во процедура за добивање документација. Го потпишавме и големиот проект од 100MW, со нашите почитувани партнери од пријателска Турција и од пријателска Бугарија. За нас како АД ЕСМ ова претставува голем чекор во процесот на енергетската трансформација“, рече генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски при заедничката посета со премиерот Зоран Заев на локацијата и изградбата на фотонапонската електрана Осломеј.

ФЕ Осломеј 10MW е пример на енергетска транзиција, каде производните капацитети на фосилни горива, се заменуваат со енергетски капацитет што произведува електрична енергија од обновливи извори. Термоелектраната „Осломеј“ не беше во редовна работа со години и сега во делот каде што е завршена експлоатацијата на јагленот се почна со инвестиции што ќе бидат не само во интерес на енергетскиот сектор на нашата држава, туку и во интерес на сите граѓани што живеат во Кичево и околината.

Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК Осломеј за кусо време ќе бидат функционална 10 мегаватна фотоволтаична електрана и тој тренд на оваа локација ќе се шири. Проектот е значен не само од аспект на енергетските вредности, туку и од еколошки и социјален аспект.

„Веќе преземаме активности за селектирање на потребните кадри од РЕК Осломеј и нивна преквалификација за работа во фотонапонската електрана, како и за потребите на поголемата фотонапонска електрана од 100Mw која ќе се гради како јавно приватно партнество. Така што, посветени сме и на зголемување на процентот на зелената енергија во нашиот енергетски биланс, но и на социјалната компонента при енергетската транзиција„, рече Ковачевски.

Тој додаде дека продолжувааат со проектите за изградба на сончеви електрани во РЕК Битола, кои ќе заменат еден блок од термоелектраната и гасна електрана во комбинатот која ќе замени уште еден блок од РЕК Битола.

Исто така ги спроведуваме инвестициите во ветерните електрани, зголемување на капацитетот на ветерниот парк Богданци и проектот за нов ветерен парк во Миравци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани