2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Компаниите не поднудија доволно јаглен за РЕК, ќе се распише нов тендер

Октомври 21, 2021

Дури три македонски, како и рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина се јавија на повикот на АД ЕСМ за набавка на јагле за РЕК „Битола“ и „Осломеј“. Тоа вкупно се девет економски оператори кои дадоа пет понуди за Рудартско-енергетскиот комбинат во Битола и осум за Осломеј. Но понудите за РЕК не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини, АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК „Битола“ и ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет, соопштија од компанијата.

„Во прва фаза утврдено е дека за ‘Осломеј’ понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите “, рече Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ.

Меѓународниот тендер треба да обезбеди јаглен за потребите на третиот блок на РЕК и на Осломеј. Количините се потребни за да се засили домашното производство на струја со цел да се стабилизира цената на електричната енергија за стопанството. Цените на електричната енергија на регионалните берзи се тројно зголемени и од 56 евра за мегават час пред неколку месеци, сега се движат меѓу 140 и 170 евра и нема најава за намалување. Стопанските субјекти се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар, а со оглед на енормниот пораст на цените на берзите, стопанството се соочува со опасност од голем ценовен удар.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани