2win800x200

Неискористените потенцијали на жените во различни области претставуваат загуба за општеството. Мора да се подигне свеста за овие прашања.

Дека најсилна е еманципацијата на жената преку работата потврдуваат Виолета Петковска и Јасмина Мановкса, кои своите работни места во РЕК Битола ги делат со мажи. Специфичните работни услови во најголемиот производител на струја во државата и стожер на електроенергетскиот систем, за овие две млади дами беа силен предизвик, но велат никогаш не им паднало на памет да се откажат поради предрасудите и стереотипите. Виолета е ракувач на погонска станица, а работното време го минува во кабина од неколку метри квадратни од која се следи транспортот на јагленот од рудникот Суводол до Термоелектраната. Оди во смени од по 12 часа.

-Работата не е толку тешка како што изгледа ако постојано се следи процесот на движење на јагленот, а од вид не смее да се испушти ниту траката, без оглед дали има или нема јаглен на неа. Но едно мало невнимание значи голем ризик, вели Виолета Петковска, ракувач на погонска станица

Досега, на своето работно место, Виолета не се соочила со дискриминација по било кој основ и вели дека е одлично прифатена од колегите во РЕК Битола.

-Нема дискриминација во работа, тука работат и мажи и жени. Кога дојдов на работа бев добро прифатена од сите колеги, тоа што сум женско не ми прави никаков проблем и потврдува дека ние жените не сме ништо помалку способни од мажите, вели Виолета.

viber image 2023 03 08 18 16 04 700

(фото:  Виолета Петковска ракувач на погонска станица во РЕК Битола)

Канцеларијата на Јасмина Мановска е во бараките на ПЕ Рудници на РЕК Битола. И таа тврди дека досега не се соочила со дискриминација на работното место

-По струка сум рударски техничар и затоа сакав да ја работам оваа работа. Работам со увезениот јаглен, ги прегледувам камионите, излегувам на терен. Не е тешко, икако ова се смета за машка работа, жените добро се снаоѓаат, вели Јасмина.

viber image 2023 03 08 18 16 16 064

(фото: Јасмина Мановска, вработена во ПЕ Рудници на РЕК Битола)  

Виолета и Јасмина, заедно со ситеостанати жени вработени во РЕК Битола, уриваат предрасуди и потврдуваат дека нема машка и женска професија. На Денот на жената-8 Март испратија силна порака жените да ги прифатат сите предизвици и да не се откажуваат од своите желби заради општествени стереотипи кои ги ставаат во подредена положба во однос на мажите.

-Сите предизвици треба да се прифатат, работата е работа, без разлика дали се смета дека е машка или женска, вели Виолета.

-Жените треба да ги прифаќаат сите предизвици, никогаш да не се откажуваат, порача Јасмина. 

Читири битолчанки, секоја од нив докажана во својата професија , го подигнаа гласот против сите форми на родово базирано насилство, во кои спаѓа и сајбер наслството.

Претставата „Жени“, документарен театарски проект по текстови на жени болни од рак, во режија на Софија Ристевска Петрушева, продолжува да ја полни салата во „Интимен театар“ во Битола. Ова е трет месец како се прикажува, а интересот не спласнува. По синоќешната изведба наградена со овации, претставата ќе се игра и овој петок со почеток од 20 часот во Интимен театар. Во „Жени“ играат трите најодважни кои го победија ракот и предрасудите, па јавно проговорија за битката со оваа тешка болест- Невена Стерјова, Трендафилка Киклевска и Катерина Петровска.зени

(Фотографија од храбрите жени, учеснички во претставата)

Инаку, претставата е работена по автентични случки и текстови на жени болни од рак, но користени се и авторски текстови на Билјана Крајчевска, како и текстови од „Три сестри“, на А.П.Чехов. Ова е жив театар кој зборува отворено за проблемите на најголемиот дел од жените во Битола кои водат лавовска борба со оваа опака болест.

„Иако сме во 21 век, темата која ја претставивме, борбата со ракот, се уште е табу тема. Ние, што некои не нарекуваат ‘глумци’, иако по вокација не сме тоа, сепак сме активни актери во борбара со ракот. И верувајте, многу храбро се носиме со тоа“, велат жените од претставата.

Инаку, целта на овој театарски проект е да се подгигне свеста за редовни прегледи и брзо дијагностицирање на болеста која има епидемски размери, посебно во Пелагонискиот регион.

Ж.З.

Битолчанки кои никогаш не биле актерки, синоќа премерно ја изведоа претставата „Жени“ во која со публикаа ги споделија своите лични животни приказни за борбата со канцерот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани