АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанки кои никогаш не биле актерки, синоќа премерно ја изведоа претставата „Жени“ во која со публикаа ги споделија своите лични животни приказни за борбата со канцерот.
Во оваа документарн театарска претстава која е проект на „Интимен театар“ од Битола, учествуваат битолчанките Невена Стерјевска, Катерина Петровска, Трендафилка Киклевска и Зорица Цибалевска, жени кои успешно се борат со ракот на дојка или на матка, а Цибалевска посебно беше фокусирана на пораките од нејзината мајка Летка Андреевска која го загуби живото во борбата со болеста.
-Иако сме во 21 век, темата која ја претставивме, борбата со ракот, се уште е табу тема. Ние, што некои не нарекуваат „глумци“, иако по вокација не сме тоа, сепак сме активни актери во борбара со ракот. И верувајте многу храбро се носиме со тоа, напиша на својот ФБ профил, Катерина Петровска, една од учесничките во претставата. Таа и и се заблагодари на публиката за големата и искрена поддршка на синоќешната премиера.
Целта на овој театарски проект е да се подгигне свеста за редовни прегледи и брзо дијагностицирање на болеста која има епидемски размери, посебно во Пелагонискиот регион. Идејата за оваа претстава се родила кај режисерката и сопственик на „Интимен театар“ Софија Ристевска уште во 2017 година, по што ова лето почна да се реалзира проектот за создавање театарка претстава во којашто учествуваат жени болни од рак и зборуваат за болеста и нивната битка со неа.
Претставата е финансирана од Општина Битола и е дел од Бит фест 2019. По синоќшната премиера, втора изведба е закажана за 30 август, петок, во 20 часот, а третата изведба на 1 септември, недела, во 20 часот.
фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски