АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со приредба на германски и македонски јазик, 70 ученици од 6 основни и средни училишта во Битола денеска ја одбележаа 23 годишнината од постоењето на Здружението за македонско-германско пријателство во Битола. Д-р Валентина Илиевска професор по германски јазик и основач на здружението констатираше дека „ако пред 23 години професијата професор по германски јазик беше загрозена бидејќи имаше помалку настава по германски јазик, денеска можеме да се пофалиме дека во сите основи и средни училиште се одржува настава по германски јазик“. На свеченоста присуствуваше германскиот амбасадор во нашата држава Н.Е Томас Герберих и неговата сопруга.
-Денес одбележуваме 23 години од Здружението за македонско-германско пријателство и соработка- Битола. Значи во оваа сала на 23 ноември 1996 година се формира нашето здружение. По повод нашиот роденден славиме 250 години од раѓањето на Александар Фон Хумболт и 200 години од раѓањето на Клара Шуман. Учениците заедно со девет професорки по германски јазик кои ја подготвија приредбата, истражуваа, учеа, преведуваа за да на гермаски и македонски јазик ни презентираат што знаучија за Хумболт и Шуман. Со нас е и амбасадорот Герберих кој со присуството сака да ни искаже чест на нашето здружение кое што се труди да воспостави мост на пријателство помеѓу македонскиот и германскиот народ, изјави д-р Валентина Илиевска професор по германски јазик.
Германскиот јазик се помасовно се изучува во Р.С.Македонија на задоволство констатираше гераманскиот амбасадор Герберих.
-Многу се радувам што денес д-р Илиевска мене и мојата сопруга не покани на оваа манифестација, се радувама на она што сега ќе го видиме од учениците. Како Германска амбасада многу и сме благодарни и обврзани на д-р Илиевска за манифестациите кои што ги прави и за дејноста која што ја обавува. Здружението е формирано пред 23 години и тоа е уште една причина да се заблагодарам што неуморно работела за проширување на германскиот јазик во оваа земја и не само тоа, туку и за проширувањето и продлабочувањето на билатералните односи. Упатуваме голема благодарност од наша страна. Ви гарантирам дека и понатаму ќе ја добивата нашата поддршка, рече германскиот амбасадор Герберих во Битола која на самиот крај од приредбата на учесниците им подели подароци.
А.Б