Горната гимназија – 75 години бастиoн на македонскиот јазик

Февруари 05, 2020

Во Горната Гимназија го стекнав моето јас, кое до денес не го сменив! Ова е еден од морето позитивни коментари што можат да се прочитаат на социјалните мрежи од страна на некогашните ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ која денес слави редок јубилеј – 75 години од почетокот на наставата на македонски јазик. Била првото средно училиште во земјава каде се удриле темелите на наставата на македонски јазик на 6 февруари 1945 година. До денес остана бастион на квалитетната наства, но и на неговањето на македонскиот литературен јазик.

ucenici

Сите оние кои излегле од клупите на ова училиште, од оние долги клупи во кои седеле и седат збрани и по пет ученици, знаат дека морале да ги згреат столчињата за да ги совладаат содржините по македонски јазик. Во Горната гимназија предметот македонски јазик без разлика дали си на математички, јазичен или општествен смер, од секогаш многу се ценел и се барало детално знаење. Ова е школо каде што низ годините не важеле, а и денес немаат значење предрасудите од типот „што ќе ти е македонски да учиш, па тоа денес не се бара и не е платено“.

Токму, денешниот јубилеј, чие одбележување го започна Гимназијата , не случајно, со ораторска вечер за важноста на правилната употреба на мајчиниот јазик, укажува на непресушносто, првенствено и огромно значење на писменоста на својот јазик.

Учениците на Гимназијата на почетокот од Втората светска војна, жедно ги рецитирале стиховите на Рацин, а подмладокот на ораторската вечер вчера јавно проговори за предизвиците со кои се соочуваат денес во однос на макдонскиот говор.

„Секогаш сме отворени за туѓото, а не си го цениме нашето... Побрзо ни текнуваат зборови на англиски, германски, српски јазик само не на македонски, а некогаш ги користиме за да бидеме интересни во друштво... Во што ти сумљаш, не мом појќе, гла не можам ка кренам од учење...Ама и возрасните треба да бидат пример, вината е и во семејството по цели ноќи висиме на интерент“, ова беше само дел говорите на учениците вклучени во ораторскиот настап „Женски муабети“. Намерно користеа туѓи зборови кои не се литературни за да укажат на грешките што се прават во секојдневниот говор, а ни го обезличуваат и загрозуваат јазикот.

„Од денес гимназијата почнува со прославата на 75 години настава на македонски литератирен јазик. Ораторскиот клуб ја отвори целокупната манифестација со ораторскиот настап ‘Женски муабети во Горната гимназија’. Целта е да се симулира една школска ситуација, да се долови во овој современ социо-општествен, па дури и јазичен дискурс една карикирана, но и поучна ситуација во која целта ни е да нагласиме каде, како и зошто грешиме во јазикот. Преку една хумористично-сатирична верзија да укажеме на грешките во кои сите ќе се доловиме учениците, па и ние професорите. Професорите по македонски јазик тврдам и сигурна сум дека сме таму да поучиме и да укажеме на грешките, пред сѐ да го негуваме литератирниот јазик и да укажеме како треба да се негува и ортоепијата и ортографијата“, рече Даниела Петровска, професор по македонски јазик и литература.

Гимназијата досега изродила голем број интелектуални умови во земјава. Дала дури 16 академици Михаил Петрушевски, Петар Серафимов, Ѓорѓи Филиповски, Кирил Миљовски, Димче Коцо и Љубен Лапе, Александар Христов, Ѓорѓи Чупона, Томе Бошевски, Ристо Лозановски, Петре М. Андреевски и Анте Поповски, Владо Камбовски, Живко Попов, Фанула Папазоглу и Коле Чашуле. Со ваква блеска позадина ретко кое средно училиште во земјава може да се пофали. академициДел од историјата на Гимназијата се и партизаните и народни херои Стив Наумов, Борка Талески, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски-Питу и Елпида Караманди.еден од постарите професорски колегиуми

(Еден од постарите професорски колегиуми во Гимназијата „Јосип Броз Тито“, фото Владо Темелковски Лавчан)

Ова средно училиште до денес остана да биде едно од најпрестижните во земјва. Се вборјува меѓу првите во државата по постигнат успех на ученици и освоени награди. Дури и во услови на намален наталитет во градот и бран на миграција, интересот за школување во битолскста Горна гимназија не опаѓа.

Ж.Здравковска

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани