Кузманоски-Градиме патишта и инфраструктура и во вонредни услови

Јуни 11, 2020

 

Иако пандемијата со коронавирусот во голема мера ги забави некои активности, сепак општина Новаци не се откажува од реализацијата на своите зацртани  и планирани проекти.

4љ

-Градежните активности продолжуваат  со изведба  и тоа со забрзана динамика, почитувајќи ги мерките за заштита со што директно се  помага на економијата во многу важен период, вели градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Во рамки на оваа градежна сезона реализирани се многу барања од страна на граѓаните. Барањата  кои произлегуваат од блиските средби со граѓаните се  основа за подготовка на нашите програми и проекти кои и во услови на вондредни околности и пандемија се трудиме да ги реализираме, додава Кузманоски.

Во тек е  асфалтирање  на локални патишта и улици во 17 населени места во општина Новаци по програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2020 г. Асфалтирани се локални улици во с.Живојно во должина од 200 м, с.Скочивир-100 м, с.Гермијан(двор на манастир Св.Климент Охридски)-300м,с.Добровени -170м, с.Брод-150м,с.Гнеотино(до манастир Св.Стефан)-350м, с.Далбеговци-200 м, с.Горно Агларци во должина од 150м. Асфалтирањето на локалните улици продолжува и во останатите населени места опфатени со програмата за асфалтирање за 2020г. Вредноста на оваа инвестиција во локална патна инфраструктура изнесува 11.000.000 денари, средства обезбедени од Буџет на општина Новаци за 2020г.

95љ

-Градиме  одговорно, квалитетно, домаќински  и во дослух со граѓаните ги реализираме нивните барања.Интересите на граѓаните се наш приоритет при креирањето на проектите со цел секој граѓанин да добие соодветно решение за проблемот кој го има со што директно или индиректно ќе влијае на подобрување на  квалитетот  на живот во неговото место на живеење, вели Кузманоски.

Реализиран е уште еден проект од витално значење за граѓаните на с.Новаци Проектот опфати изградба  на краци од секундарната фекална канализација во с.Новаци. Станува збор за 600 метри  ново изградени краци секундарна фекалната канализациона мрежа  со што им се овозможи  на дел од жителите од с.Новаци   да се приклучат кон примарната канализациона мрежа, а со тоа да ги решат проблемите  кои ги имаат со септичките јами. Воедно ова значи подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од с.Новаци што позитивно ќе влијае врз животната средина.

Вредноста на инвестицијата е 2.635.797 денари обезбедени од Буџетот на општина Новаци за 2019г.

93љ

-Граѓаните заслужуваат подобри услови во своите населени места, а ние како локална власт сме тука да ги реализираме нивните барања и потреби, наведува градоначалникот на Општина Новаци.

Реализирано е уште едно барање од страна на жителите на село Далбеговци. Целосно е реконструиран некогашниот руиниран објект (продавница) во центарот на с.Далбеговци. Со овој проект се доби нов, модерен и адаптиран простор на површина од 100 м2.

-Инвестираме во иднината и во самоодржливоста и ги менуваме застарените и дотраени објекти со нови кои овозможуваат подобри перформанси, наведува Кузманоски.

Вредноста на инвестицијата е 1.887.443 денари ,средства обезбедени од Буџетот на општина Новаци за 2019 г.

Во тек е монтирање на котелот за парно со комплетна инсталација на парно греење и котлара  во градинката „БАМБИ“ во с.Новаци  за која во целост е завршена  административната постапка за нејзино отворање. Котелот е обезбеден преку проектот “Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини” финансиран од Интерег ИПА Програмата за погранична соработка  меѓу Република Грција и  Република Северна Македонија  2014-2020г.

02љ

Општина Новаци  е подготвена со веќе спремни проекти да аплицира за обезбедување на средства од домашни и странски фондови и програми  со цел нивна имплементација.

Во склоп на проектот за подобрување на општинските услуги МСИП и Министерството за финансии изработена е проектна документација за реконструкција на две локални улици со краци во с.Новаци и една локална улица со краци во с.Гермијан со вкупна должина од 2.1 км.

Во Министерството за транспорт и врски аплицирано е  со три основни проекти за изградба на 3 локални патишта со предвидена  реализација во три фази.

Изградба на локален пат од раскрсница Старавина до с.Будимерци –фаза1 и фаза 2  и Изградба на локален пат Гнеотино спрема Брод .

Со изработката на комплетната проектна документација за Изградба на две локални улици во с.Градешница со бехатон плочи и локален пат до Манастир Св.Илија   создадени се основните предуслови  за реализација на овие проекти  кои се од интерес на граѓаните од с.Градешница.

96љ

Во тек е подготовка на проектна документација за изградба на пешачка патека со осветлување до Камениот мост во с.Зовиќ како и улица во  с.Зовиќ во должина од 400 м.

-Дадениот збор пред граѓаните сега е реалност. Како локална самоуправа се трудиме во секое населено место  да ја подобриме урбаната слика и во тоа успеваме, затоа што градиме по план и приоритет за поквалитетен живот на граѓаните. Можеме и  повеќе, можеме и подобро, порачува градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.

97љ

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани