Поради најавите за врнежи од снег, "Нискоградба" апелира граѓаните да ги отстранат непрописно паркираните автомобили од коловозите

Февруари 12, 2021

Поради најавата од Управата за хидрометереoлoшки работи за пообилни врнежи од снег и минусни температури кој ќе преовладуваат за престојниов викенд, КЈП "Нискоградба" - Битола, апелира  возачите да го прилагодат управувањето со моторните возила на условите на коловозот.

"При движењето по градските улици да поведат сметка за прописно паркирање, за да се избегнат проблеми и пречки во расчистувањето на снегот од страна на дежурните екипи. Сопствениците на непрописно паркираните стари и хаварисани возила, предвремено и самоиницијативно да ги отстранат од коловозите и тротоарите", наведуваат од "Нискоградба"

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани