АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, Битола е лидер во Македонија по негативниот природен прираст во последното тримесечје од 2017 година. Во овој период во Битола се родени 218 бебиња, а починале 299 лица, од кои едно е новороденче, со што природниот прираст е -81.
Во последното тримесечје лани, во Битола биле склучени 82 бракови, а имало 18 разводи.
Во истиот период во 2016 година, во Битола имало 208 новороденчиња, а бројот на починати лица изнесувал 281 меѓу кои, исто така, имало едно новороденче. Негативниот природен прираст во последното треимесечје во 2016 година изнесувал -73
Во последното тримесечје во 2016 година биле склучени 116 бракови, а разведени 17
Во дури 32 општини во Македонија во последното тримесечје од 2017 година имало повеќе умрени лица отколку новороденчиња.
Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Кочани, Охрид, Ресен, Валандово, Виница, Делчево, Крива Паланка, Кратово, Крушево, Македонски Брод, Струмица, Берово се градови во кои во овој период е забележан негативен природен прираст.
Единствени градови во кои има повеќе новородени отколку умрени лица во последните месеци од 2017 година се Скопје, Тетово, Струга и Гевгелија.