АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Еко акцијата „Мети си со Класнето“ продолжи и денес на плус 30 степени. Жешкото време не ги предомисли наставничката Марија Магдалена Петковска Микаровска, со нејзините ученици и други битолчани да го исчистат ѓубрето од популарната рекреативно –пешачка зона во поранешната касарна во Битола, местото познато како Кај авионите.
Во купиштата смет што вчера ги собраа професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска заедно со класот второ шест од Медицинското училиште во рамки на еко акцијата „Мети си со класнето“ имаше и исфрлени книги. Класнето 'на фејсбук профилот напиша „да читаа убајните колку шo фрлаа книги, немаше до ова ѓубре дереџе да сме“.
Успешно помина еколошката акција „Мети си со класнето“. На втора шест од Средното медицинско училиште, предводено од класната Марија Магдалена Петковска Микаровска им се придружија и родители, ученици од други класови, вработени на Правниот факултет, од здружението Геосфера, Мите Ристов со клас од Горната гимназија, од Млади хуманисти, од Народниот театар и други битолчани. Во акцијата учествуваа 60 битолчани на кои им пречи расфрленото ѓубре и сакаат чиста животна средина. Ја светнаа депонијата во околината на новиот пазар.
„Мети си со класнето“ е мотото на еко акцијата што професорката по англиски јазик од Средното медицинско училиште, Марија Магдалена Петковска Микаровска заедно со учениците од класот втора шест ја презедоа самоиницијативно за чистење на расфрлано ѓубре низ Битола. Оваа вредна еко дружина се води од мислата: „Да покажеме дека не сме поголемо ѓубре од ѓубрето“. Подготвија и лого на кое професорката ја зела метлата во раце како да е гитара и го средува сметот.