АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Цветната штафета во Битола пристигна и во ООУ,,Елпида Караманди, Битола во соработка со ЈОУДГ,,Мајски Цвет,, Битола. Почнувајќи од 21 јануари со почетокот на второто полугодие започна патот на Цветната штафета на кандидатот за Нобелова награда, Живко Поповски Цветин. Имено, штафетата започна да се движи од ООУ ,, Живко Брајковски” во општина Бутел Скопје. Својот обединувачки и мироносен пат го продолжи на 4 март кон битолското село Оптичари. Продолжи кон Бистрица, ООУ,, Крсте Петков Мисирков“ каде беа подарени 50 цветни картици. Така, на 8 Март активностите продолжија во ООУ,,Елпида Караманди во соработка со ЈОУДГ,,Мајски Цвет,, - Битола, каде се презентираа активности на првооделенците и малата група од градинката со пригодни песнички и рецитирање на стихотворби по повод Меѓународниот ден на жената. Цвеќето ги обедини во пораката за мир, добро здравје, благосостојба и храна за сите деца во светот.
Цветин подари над 80 цветни картици кои беа поделени на првооделенците и малата група од градинката како и цветни слики за градинката и училиштето. Со тоа придонесе за значењето на Денот на жената. Цветот и детето се симбол на невиност, хармонија и чистота. Цвеќето со својата симболика ги пренесува емоциите на срцето и се користи за испраќање пораки. Порака е испратена со симболиката на моќниот број седум. Седум балони кои ќе ја пренесат пораката на седумте континенти...