НА ДЕНЕШЕН ДЕН 15 ЈУЛИ

Во 1923 година, во село Лавци, Битолско е роден Панде ЈОВЧЕВСКИ-Кајзеро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Потекнувал од земјоделска фамилија, а и самиот бил земјоделец. Прогресивното комунистичко движење што го имало опфатено селото Лавци, не го заобиколило и него. Од самиот почеток на антиокупаторската борба активно ја помагал. Веќе на 25 ноември 1942 г., се приклучил кон единиците на НОВ и ПОМ. Најнапред бил во партизанскиот одред „Даме Груев“, а подоцна и во одредот „Јане Сандански“. На 22 јуни 1943 г. кога селото Лавци било опколено од бугарска војска и полиција, тој заедно со Панде Ташкоски, тргнале да се вратат во партизанскиот одред, но наишле на бугарска заседа која ги раздвоила. Панде Ташкоски успеал да се пробие, а Панде Кајзеро отпочнал нерамна борба со непријателот. Успеал да ликвидира 13 или 14 бугарски полицајци и војници. Откако му завршила муницијата, со последната бомба се самоубил.

Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола жестоко реагира на тенденцијата на уништување на спомениците и спомен-бистите на значајни личности од НОАВМ и бара надлежните да ги пронајдат сторителите и нивните мотиви за уништување на бистата на народниот херој Панде Јовчевски Кајзеро.

На 15 јули, денот кога е роден народниот херој Панде Јовчевски Кајзеро, осквернавена е неговата биста во дворот на месната заедница на улицата „15 Корпус“ во Битола. Непознати сторители ноќта во саботата спроти неделата ја обезглавија бистата која најпрво била удирана, па откорната од мермерниот постамент кој е оштетен, а оштетувања има на главата и рамената.

Нa  денешене ден, 22 јуни во 1943 година, во село Лавци, Битолско е убиен Панде ЈОВЧЕВСКИ-Кајзеро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани