АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Атанас Стојановски, Јонче Стојановски и Асен Даскаловски беа дел од екипата која го изгради и одржуваше првиот предавател на средни бранови за потребите на Радио Битола. Фотографијата од заслужната екипа, на која има и други челнови чии имиња не ни се познати, ни ја испрати битолчанецот Владо Стојанов , чиј татко учествуваше во оваа мисија-Битола да го добие првото локално радио во Македонија.
Ако продолжеше да емитува програма, деновиве ќе славеше 68 години постоење во македонскиот медиумски простор. Радио Битола, најстарото јавно локално радио во државата не работи веќе седум години, но неговиот дух не умира.
Радиото располагаше со 13 000 плочи, а музиката често пати ја изведуваа чалгиски оркестри во живо, сигналот стигнуваше далеку дури до плавиот Јадран, раскажува Диме Миновски.
„Бев пресреќен кога слушнав дека се зачувани 600 полочи од некогашната дискографска ризница на ‘Радио Битола’. Си реков ќе се спаси барем дел од големиот фонд да не заврши по буништа или во приватни колекции на дискофили“, вели Димче Миновски, еден од новинарите доајени на во најстарата локална радио станица во Македионија.