АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нови 20 сантиметри снег наврнаа во ски центарот „Нижеполе“ на Баба Планина. Од Јавното претпријатие „Стрежево“ кое стопанисува со центарот соопштија дека нивните екипи ги подготвија терените за скијање, патот до Нижеполе е прооден,ски - лифтовите се во функција, а гостите можат да се згреат со топол планински чај во чајџилница. Таму ски сезоната продложува со несмален интензитет.
Стартот на новата скијачка сезона во ски центарот Нижеполе се отвора вечерва со ноќно скијање од 19 до 22 часот. Терените за скијање се целосно подготвени, ски-патеките се исчистени и функционални а паркинг просторот е уредно осветлен, информраат од ЈП „Стрежево“ кое стопанисува со ски центарот Нижеполе.
Иако снежната покривка која деновиве се оформи на Пелистер, се уште не е доволна за скијање, сепак голем број битолчани денешниот сончев ден го искористија за прошетки до рекретивните места. Најмногубројни се посетителите во Ски центарот Нижеполе, каде пијат чај и уживаат во прекрасната глетка на снежниот планинснки убавец, а децата се санкаат и се радуваат на снегот.
Не е потребен коментар за овие фотографии напаравени денеска во ски центарот Ниже Поле, тие се уште една потврда за нашата (не)култура и недостигот на елементарни хигиенски навики, но зборуваат и за нашиот однос кон животната околина.