АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ски центарот во Нижеполе утре, сабота, ќе започне пробно скијање на ски стазата, информираат од ЈП Стрежево. Во недела на 17 јануари, ќе има промотивно скијање.
Ски центраот „Ниже поле“ оваа недела ќе учествува во кампањата „Заедно до нула насилство“. Целта е енергијата на младите да се насочи кон убави и здрави работи, како што е спортувањето, скијањето, дружењето, а не кон насилство. Иницијативата е на неколкумина битолчани, а кон неа се приклучува и Ски центарот.
Уте сабота, 19 јануари, во Ски центарот „Нижеполе“ се организира денска журка со Ди Џеј Чико, па од таму ги повикуваат на заедничка дружба сите љубители на скијањето, како и други рекреативци.
Од Ски центарот информираат дека двата ски лифта се во функција, снег има во изобилство, ски патеките се во одлична состојба, а секој ден се поголем е бројот на посетители.
Исто така, голем е интересот и за ноќното скијање, а на скијачите и рекреативците на располагање им е и бачилото, каде имаат можност да се одморат со топол чај и кафе.