АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола продолжи со организирање на активности и настани со цел комплетно да се реконструира и опреми „Инклузивна училница за уметност“.
Училиштето „Коле Канински“ во соработка со Црвениот крст спроведе хуманитарна акција по повод новогодишните празници. Акцијата беше спроведена од 2 до 6 декември. Централното училиште „Коле Канински“ заедно со подрачните училишта во Буковски ливади и Буково собра значителна количина на конзервирана и нерасиплива храна. Храната вчера беше предадена на Црвениот крст.
Организацијата на жени од Битола од понеделник започнува хуманитарна акција со која ќе им се помогне на луѓето кои останаа без својот дом во подрачјето погодено од земјотресот во Албанија. Претседателкта на Организацијата на жени од Битола, Светлана Петковска, на својот ФБ профил објави распоред кога сите заинтересирани можат да достават облека и храна
„За сите кои се заинтересирани да донираат алишта и храна за настраданите во земјотресот во Албанија, Организацијата на жени организира собирна акција во просториите на КУЌАТА НА ЧЕСНИТЕ СЕСТРИ ВО БИТОЛА, спроти Пелагонка 2, во деновите:
-ПОНЕДЕЛНИК 02.12. од 16-18 часот
-ВТОРНИК 03.12 од 16-18 часот
-СРЕДА 04.12 од 16-18 часот
-САБОТА 07.12 од 12-14 часот
Под мотото „Биди Хуман“, Васко Ковачевски, инаку актуелен директор на РЕК-Битола, ја започнува кампањата за реконструкција на Одделението за хирургија во Клиничката болница во Битола. Тој со своите најблиски, со свои средства ќе ја помогне санацијата на ова одделение, а очекува во хуманитарната акција да се вклучат и негови роднини, пријатели и други поединци кои сакаат да помогнат.