АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со повеќе активности СВР Битола го одбележа Денот на превенцијата, 9 Декември. Во посета на полицијата денеска беа ученици и децата од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“
-Имавме посета од најмалите кои што се најљубопитни . Децата од претшколска возраст, децата од градинките и учениците ги запознавме со опремата и возилата со кои што располага СВР Битола.За прв пат имаме трибина организирана од одсекот за превенција при СВР Битола. Трибината е посветена на улогата на превенцијата во заедницата и во МВР, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
Само со меѓусебна соработка меѓу полицијата и граѓаните може да дојде до надминување на проблемите, а полицијата треба да биде сервис на граѓаните .
-Самиот збор превенција ни кажува заштита. Да се заштитиме предвреме од сите непотребни влијанија што ни се случуваат во секојдневието. Целта како превенција е предходно да им кажеме на луѓето за нивното неправилно однесување кон општеството и да кажеме дека сите сторители на кривични дела и на тешки сообраќајни незгоди си одговараат пред законот. Работиме со помладата популација, укажуваме на сите проблеми кои ќе ги затекнат во својот живот, рече Сашо Гилевски, началник на превенција при СВР Битола.
Во 2008-та година за прв пат во земјава беше одбележан Денот на превенција,9 Декември, кога за прв пат се промовирале првите инспектори по превенција во МВР.