2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Атанасовски контра Тошевски- ВМРО-ДПМНЕ и Талески правеа криминални, а ние капитални проекти

Јули 31, 2019

Ние правиме капитални проекти наспроти криминалните „проекти“ на ВМРО-ДПМНЕ  и Талески,  вака му возвраќа Владе Атанасовски, актуелен директор на ЈП Пазари-Битола на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола Иванчо Тошевски кој денеска се обиде да го исмејува проектот што актуелното раководство со финансиска помош од Владата ќе го реализира за реконструкција на  Градскиот пазар.

Владата одобри 7.000.000 денари за реконструкција на Градскиот зелен пазар во Битола. Веста денеска во Битола лично ја соопшти  премиерот Зоран Заев најавувајќи дека ќе се изврши целосна реконструкција на делот каде сега се продава бижутерија, покривање, нови тезги и нов под.

-ВМРО-ДПМНЕ Градскиот пазар  го остави со нула пари на сметка  и долг од 1.2 милиони денари, а сега имаме 4 милиони денари на нашата сметка. Пазарот доби лед осветлување, парно на пелети за управната зграда, добиен е и проектот  од 7 милиони денари од Владата за поставување на фотоволтаици. Едноставно создаваме подобри услови за сите кои доаѓаат во Градскиот пазар и за пазарџиите и за муштериите.  За нас зборуваат дела , додека за ВМРО-ДПМНЕ и бившата локална власт судските процеси и криминалите, возвраќа Атанасовски, директор на ЈП Пазари Битола во реакција до апла.мк.

Тошевски денеска изјави дека премиерот Заев „ дојде да го „одржи“ својот збор за голем инфраструктурен напредок на Битола со промоција на една, замислете, настрешница и уште еднаш дрско, да им се исмее в лице на Битолчани“, алудирајќи на проектот поврзан со ЈП Пазари .

Градоначалничката Наташа Петровска зборувајќи за новите капитални проекти рече дека „ќе добиеме финансиска поддршка за општина Битола во три проекти преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството. Тие проекти се однесуваат на патот што го имаме од Кажани до Маловишта, излетничкото место во Лопатица и инфраструктурен зафат на делот покрај управната зграда во делот на Пазари. Ова се значајни проекти за граѓаните на општина Битола. Ме радува континуираната поддршка на Владата, сме ја имале во минатото ,но и денес се потврдува дека продолжува и убедена сум дека и во иднина ќе опстоиме со такава сериозна поддршка, рече градоначалничката Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани