2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Заразата во Битола се уште е ограничена во семејни кластери, најголем дел заболеле во дружбите во Охрид

Август 13, 2021

Во овој четврт бран на КОВИД-19, во Битола се уште нема широка трансмисија на вирусот, кој засега се пренесува во семејни кластери, велат од Центарот за јавно здравје. Во моментот има 90 активни случаи на територијата на општините Битола, Новаци и Могила, а со епидемиолошките анкети е утврдено дека најголем дел од заболените се заразиле од  дружбите во Охрид.

-Најголем број од новозаболените се од возрасната група од 20-29 год. Според податоците од анкетите голем број од нив се заразиле од дружење и прослави во Охрид. Инфекцијата се шири најмногу во ограничени семејни кластери, нема широка трансмисија, вели  директор на ЈЗУ ЦЈЗ Битола, прим. др. Елизабета Крстева.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани