АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со цел да ја подобри наставата , компанијата „ВИК Македонија“ донираше наставни средства и помагала во ОУ „Коле Канински“ - Битола. Донацијата се состои од 11 табли за пишување, 3 видео проектори, 2 интерактивни табли и 4 глобуси од компанијата за електрични апарати „ВИК Македонија“, компанија за производство на електрични апарати, дел од „ВИК груп“.
Донираните наставни средства и помагала ќе помогнат во полесно спроведување на наставата во училиштето, но и ќе им ја олесни работата на наставниците. „ВИК Македонија“ како општествено-одговорна компанија со оваа донација придонесе кон подобрување на само на условите во училиштето, туку и во целата заедница.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 22 јули 1944
Денес беше одржан ревијален натпревар помеѓу наставници од ОУ „Коле Канински“ и ученици и нивните родители. Како што велат наставниците, натпреварот беше организиран за симболично одбележување на крајот на учебната година.
Организатори на натпреварот беа наставникот по физичко и здравствено образование, Иван Димитровски заедно со одделенската наставничка Лидија Павловска. Во натпреварот зедоа учество и наставникот по физичко и здравствено образование, Иванчо Младеновиќ, и наставникот по англиски јазик, Боби Думевски, кој беше судија.
- Идејата се роди пред долго време пред да се реализира. Некако не се поклопуваа сите коцки, па затоа рековме натпреварот да го оставиме за крајот на учебната година и на тој начин да го одбележиме - вели Иван Димитровски. Тој додава дека родителите со воодушевување ја прифатија идејата. Заедно со наставничката Лидија Павловска организираа дел од останатите наставници кои помогнаа за време на настанот и успешно го реализираа натпреварот.
- Со наставникот Иван подолго време се договаравме и разговаравме за овој настан, меѓутоа обврските не дозволуваа да се случи порано. Мило ми е што голем дел од родителите го прифатија предизвикот и се согласија да учествуваат, и покрај многуте обврски што ги имаат - вели наставничката Лидија Павловска.
И родителите и наставниците се надеваат дека ова ќе стане традиција и секоја година на овој начин ќе се одбележува завршувањето на учебната година.