АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со воведот во работа, кој денес започна во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, на кој присуствуваа претставници на Проектот за локлана и регионална конкурентност (ЛРЦП), претставници на изведувачите, надзорот, задолжените лица од општината за проектот, како и претставници на Заводот и музеј, започнува постапката за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, информираат од Општина Битола.
Офицерскиот дом во Битола комплетно ќе се реконструира, за што се обезбедени потребните средства. Градоначалничката Наташа Петровска, денеска на новинарско прашање дали, колку и од каде се обезбедени пари за оваа намена, не соопшти детали, но кусо рече дека јавноста наскоро ќе биде информирана.
„Добиена потврда за конзерваторско одобрение за Офицерски Дом“, напиша градоначалничката Наташа Петровска, вечерва на својот ФБ профил.