2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Познатиот женски новосадски кавртет „Фрајл“е  со кусо видео на кое ја пеат „Битола мој роден крај“, ги повикуваат битолчани на нивниот концерт што ќе се одржи на 29 февруари во Центарот за култура во Битола.

Технички проблеми се причината поради која Центарот за култура од Битола нема да прикажува кино проекции во наредниот период се до почетокот на најновото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во септември.

Информацијата на Фејсбук ја соопшти директорката на Центарот за култира Маја Андоновска Илијевски .

-Најпрво ви благодариме за вашиот интерес и поддршка од самиот почеток на 3Д Кино Битола, публиката е најголемата мотивација за нашата работа!

Деновиве се соочуваме со технички проблем заради кој во моментот не можеме да имаме кино проекции. Ние веднаш пристапивме кон решавање на техничкиот проблем и вложуваме максимален труд, меѓутоа до почетокот на ИФФК „Браќа Манаки“ нема да имаме проекции, соопшти Андоновска Илијевски.

Според нејзината информација „За сите кои го пропуштија филмот „Брзи и бесни: Хобс и Шо“ ќе поставиме дополнителни проекции, а на репертоар ќе биде и филмот „Си било еднаш во Холивуд“.

Илијевски со порака и до најмладата публика „Имаме и порака до најмилата публика, која навистина е загрижена: Драги деца, ви благодариме што несебично ни понудивте да ни помогнете во поправката  Да, ќе го поправиме „киното“ и ќе можите повторно да го гледате „Кралот лав“ и сите други детски филмови. , пишуваа таа.

Од денеска  во  Центарот за култура во Битола  е поставена 44. Државна изложба на детски ликовни творби на тема-„Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. Поставени се 64 ликовни колекции со 630 детски творби.

Оваа изложба со најголема традиција во државата ја отвори директорката на Центарот за култура во Битола Маја Андоновска-Илијевски.  

-Најубавите креации на светот ги создаваат детските очи, бидејќи низ нивната визура работите имаат поубави бои, поголема вредност и се помагични. Оваа изложба е поттик да инспирираме да наградиме, да се запознаеме и да оставиме нешто трајно, рече Андоновска-Илијевски.  

На дел од учесниците им беа доделени специјални награди , награди за најдобри колекции и 36 поединечни награди за најуспешни ликовни творби.

-Тенденцијата да се поттикнат и насочат младите генерации да се запознаат со народната култура за да создадат дела инспирирани од традицијата, но во духот на секојдневието предизвикува голем интерес и творечки порив. Илјадници деца , ученици ширум  нашата татковина заедно со нивните ликовни педагози неуморно истражуваат низ бесценетиот народен мозаик. Токму затоа активност, истражување, инспирација и креација обезбедуваат континуитет на долгата културна традиција, нагласи Валентин Соклевски, стручен соработник во Центарот за култура во Битола.

izlog 4

 izlog

Центарот за култура-Битола во своето 3Д-Кино од вечер до 3 февруари ќе ја промовира македонската кинематографија.

За филмофилите од овој град ќе бидат емитувани 11 нови и постари филмови од истакнати македонски режисери, а ревијата ќе почне со филмот „Кобра“ на режисерот Игор Иванов.

-На филмското платно ќе бидат и проекциите на филмовите „Соба со пијано“, „Три дена во септември“, „Панкот не е мртов“, „Копање“, „Скопје ремикс“, „Исцелител“, „Година на мајмунот“, „Џган“, „Ослободувањето на Скопје“ и филмот „Бикини мун“, но со тоа нема да заврши филмската ревија, бидејќи во текот на следниот месец на редовниот репертоар во нашето кино ќе бидат и филмот за тинејџери „Ема“, филмот за деца „Ловци и вештерки“, истакна Маја Андоновска-Илијевски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Во битолското 3Д-Кино во текот на февруари ќе биде емитуван и филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи, односно по неговото враќање од Австралија.

-НУ Центар за култура-Битола во 2019 година ќе ја промовира и европската кинематографија, со зголемување на бројот на европски филмови на редовниот репертоар. Во таа насока е потпишаниот меморандум за соработка со Канцеларијата на МЕДИА на Агенцијата за филм на Република Македонија, како и соработката со Кинотека на Македонија која ќе биде интензивирана и со што ќе имаме поголем број филмски ревии во Битола, потврди Андоновска-Илијевски.

На редовниот репертоар во 3Д Кино Битола во февруари ќе бидат филмовите: трилерот Cold Pursuit, научно-фантастичнот филм Alita, анимираниот филм „Како да го дресирате вашиот змеј“, „Лего Филм 2“ и други.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани