АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Една година по свирепото убиство на својата сопруга Е.Д (47), се самоуби битолчанецот И.Д (54) години, кој утрово во 6 часот е пронајден обесен во притворското одделение во затворот „Црн мост“ во Битола. Него го пронашол вработен во затворот по што била повикана Брза помош која само ја констатирала смртта.
Телото на починатиот е дадено на обдукција од страна на Јавен обвинител. И.Д лани на 14 март во нивниот дом во Битола, ја уби сопругата и како што информиравме според податоци од полицијата на крајно свиреп начин, удирајќи ја со сукало по главата, при што и нанаел смртоносни повреди .
На убиството претходела семејна расправија . Сопружниците имаа пет годиишно дете кое за време на кавгата и убиството било дома. И.Д не го признал убиството за време на судскиот процес, а Основниот суд во декември лани му изрече 40 годишна казна затвор која сеуште не е правосилна .
И.Д си го одезде животот пред Апелациониот суд во Битола да ја донесе конечната одлука за убиството на неговата сопруга.