2win800x200

Намалување на загаденоста на воздухот, помали сметки за струја-ЈП„Пазари“ од денеска започна со поставување  на  фотоволтаични панели над павилјоните во Градскиот зелен пазар во Битола.

-Според нашата замисла, сончевите  колектори што ги поставуваме за сопствено производство на електрична енергија се придобивка за сите. Намалување на загаденоста на воздухот за сите нас, а  помали сметки за струја за „Пазари“, изјави за Апла. мк Владе Атанасовски директор на ЈП „Пазари“ –Битола.

Владата на денешната седница донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари што беше донесен на иницијатива на повеќе пратеници и имаше одложено дејство и требаше да стапи на сила од 1 јануари 2020 година.

-Оваа одлука е прифатена со задоволство не само од пазарџиите, туку и од нас вработените во ЈП Пазари –Битола.  Овој закон ќе беше штетен за пазарџиите, но и за нас како јавно претпријатие бидејќи од година во година се намалува  бројот на закупци на тезги, а овој закон каков што беше направен ќе ја отежнеше уште повеќе состојбата, изјави Владе Атанасовски директор на ЈП Пазари-Битола.

Според Атанасовски се очекува Министерството да  изготви нов закон во консултација со сите засегнати страни во кои ќе бидат вметнати забелешките на пазарџиите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани