АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Деновиве се затворија неколку кафулиња на битолски Широк Сокак, а сé погласно се зборува дека ваквиот тренд нема да запре тука.
Аждерот замина, а аждеримзот преживеа, вака режисерот Владимир Милчин преку една реченица ја претстави темата на новата премиера „Аждер“ што на 20 ноември ќе се игра на сцената на Народниот театар во Битола.
За да им бидат надоместени парите на учениците кои во изминатиот период патувале на сопствен трошок до училиште, ќе треба да бидат заведени во извештаите на директорите дека присуствувале на настава и да ги зачувале фискалните сметеки. Вака денес одлучи Советот на Општина Битола за учениците кои патуваат од места каде нема линиски превоз или се од други општини.
Општина Битола го задолжи инспекторот за животна средина да испрати допис до ресорното Министерство за да се стави во функција мерната станица Битола 2 во центарот на градот.
До 30 ноември доколку Општина Битола не обезбеди полигон ќе треба да го затвори Испитниот центар во градот, предупреди независната советничка Габриела Илиевска на последната седница на Советот на Општина Битола, поставувајќи прашање до градоначалничката Наташа Петровска .
-Се сеќава јавноста, се сеќаваат сите дека во март месец напишавте статус дека ќе има полигон. Дали некој ви има кажано дека до 30 ноември доколку Општина Битола не обезбеди полигон ќе треба да го затвори Испитниот центар во градот ? Доколку имате таква информација ,ме интересира каде ќе биде полигонот, дали ќе го стопанисува општината, какви ќе бидат обврските?, праша Илиевска.
Човечко невнимание и занемарување на оперативните потреби во подолг период во минатото, се причините за оштетување на дел од металната конструкција на претоварен уред на багерот СРС 2000/2, ангажиран на ископ на јаловина во рудникот Брод-Гнеотино, соопштија денеска од РЕК Битола. Дефектот се случил во саботата на 10 ноември, при што е прекинат ископот и транспортот на јаглен од овој површински коп.
АД ЕЛЕМ денеска започна голема акција за подигање на заштитен појас околу РЕК Битола во која се садат 50 000 багремови садници. За две години според најавите од менаџментот ќе бидат засадени 150 000 садници од багрем.
Канализацијата во индустриската зона Жабени била пуштена во употреба без технички прием, соопштија од Општина Битола. Формирана е комисија која треба да ја согледа цела ситуација зошто било тоа така и зошто од 2013 година до сега немало технички прием.