2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Директно

Автобусот кој доцна во ноќта имаше сообраќајка на влезот во Лесковац, Србија, вчера околу 19 часот тргнал од Битола. Од битолската автобуска станица потврдија дека во автобусот се качиле четворица патници, двајца со купени повратни билети, а двајца само во еден правец. Засега нема официјални информации каква е состојбата со лицата кои во автобусот влегле од Битола. Во несреќата загинаа 68 годишен маж од село Бучин, Крушевско  и две жени, од кои едната е од Кочанско. Автобусот патувал од Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Табановце, па до Виена. Возачите се едниот битолчанец, а другиот прилепчанец, но не се повредени. Се знае дека се работи за автобус на компанијата „Еуробус“ од Струга.

Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, Државна видеолотарија на РМ денес беше местото каде паралелно се реализираа неколку хумани активности: крводарителна акција, донација во храна и облека за социјално загрозените групи.

Вреќите од јаболка што несовесни луѓе ги оставиле по нивите крај патот од Ресен за грчка граница, како лампиони се зафатија за дрвјата. Купиштата расфрлени вреќи ги фотографиравме во близина на село Курбиново.

Традиционално како и секоја година, на плоштадот Магнолија се поставува новогодишната елка. Работници денес ја монтираат елката висока повеќе метри. И годинава дочек на Нова година во Битола ќе биде организиран на плоштадот Магнолија. .

Слепите и лицата со оштетен вид од пелагониските општини добија Ресурсен центар каде ќе можат да се едуцираат и на забавен начин да го минуваат времето. Книги на Брајово писмо, техника која ги зголемува фонтовите на пишани текстови, компјутери со аудио програма која овозможува преку говор да се користи интернет, забавни игри и друга техника им е ставена на располагње во Регионалниот ресурсен центар за слепи и лица со оштетен вид што денес се отвори во Битола.

Офицерскиот дом во Битола комплетно ќе се реконструира, за што се обезбедени потребните  средства. Градоначалничката Наташа Петровска, денеска на новинарско прашање дали, колку и од каде се обезбедени пари за оваа намена, не соопшти детали, но кусо рече дека јавноста наскоро ќе биде информирана.

Средношколците  Мила Ивановска од Битола, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола,  Димитар Џорлев од Струмица и Дарко Стојчев од Кавадарци се закитија со бронзени медали  на 15 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Габароне , Боцвана,  што се одржува  од 2 до 11 декември, годинава. На Олимпијадата од Република Македонија учестуваа шест деца Мила Ивановска од Битола, Димитар Џорлев од Струмица,  Дарко Стојчев и Мајкл Георгиевски од Кавадарци, како  и Дамјан Јанчевски и Бисера Јанчевска од Скопје.

Учениците се натпреваруваа во области  од физиката,  хемијата  и биологијата.

Француското и македонското знаме деновиве се веат едно крај друго во градот Епинал, семестен во областа Лорена, кој важи за еден од најцветните и комунално најуредени градови во Франција. Епинал деновиве го слави својот заштитник Свети Никола, а заедно со делегацијата од Општина Битола беа одбележани и 50 години од збратимувањето на двата града.

Битолскиот хор „Ѕвончиња“ ја распрска предновогодишната музичка магија овој пат на германски јазик. Педесетина деца од две до 15 години, членови на овој реномирам детски хор, изведоа целовечерен концерт пеејќи германски детски песни. Концертот што се одржа во Центарот за култура, беше дел од богатата програма со која деновиве се одбележуваат 22 години од постоењето на Здужението за македонско-германско пријателство и соработка. Младите хористи подготвувајќи ги песничките имаа можност да го вежбаат својот музички талент и да го збогатат  речникот со германски зборови.

-Меркуриј го поживеал и војводата Сугарев

 

-Барешанец во Кападокија сонил да го гради манастирот 

 

-Пеачот Гоце Николовски, по мајка од Барешани,  се молел во храмот

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани