2win800x200

Директно

Пустош по ресенските овоштарници остави циклонот Флоријан кој вечера попладне ја зафати Преспа со силни врнежи од град. По трет пат ова лето наврна град во најплодниот регион со јаболка во земјава, па овоштарите велат дека сто проценти од годинешниот род е оштетен. Најзагрозени се овоштарниците во селата Јанковец, Сопотско и Златари. Наместо на странските пазари, исчуканите јаболка ќе завршат во индустријата за преработка,каде откупната цена е доста ниска.

Општина Могила веќе прогласи елементарна непогода во шест села погодени од лошото невреме со врнежи од град, што предизвика големи штети кај тутунот, пченицата, пченката и други земјоделски производи. Претседателот на Советот Александар Јанкуловски, изјави дека во четири села од пред две недели е прогласена елементарна непогода, а на денешната седница на Совет на списокот ќе бидат додадени уште две села или вкупно шест.

Преку цел ден најголема комунална бучава во Битола има кај кружниот тек меѓу улиците „Филип Втори Македонски“, односно некогашната „Иван Милутиновиќ“ и „Столарска“, поточно пред Здравствениот дом и кај месноста викана „Грозд“.

Мерењата на Центарот за јавно здравје од Битола за ланската година покажаа дека на кружниот тек пред Уредот отстапувања од граничната вредност има за четири децибели преку ден, вечер и ноќ. Така, преку ден и вечер измерените вредности покажале бучава од 59 децибели, а границата е 55, ноќе 49 децибели, а нормалата е до 45. Ова е зона на здравствена заштита и спаѓа во подрачје од втор степен на заштита од бучава.

Како ретко кога досега, ова лето ги нема дивите продавачи на земјоделски производи со бостан или  зеленчук, најчесто лоцирани на тротоарите и раскрсниците низ градот. Комуналната инспекција при Општина Битола и сообраќајната полиција во неколку акции ги отстранија дивите пазарџии и будно ги следат состојбите.

Сенатот  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ ќе одлучува дали професорката од Високата медицинска школа Елизабета Попова Рамова ќе се врати на  работа или ќе го потврди отказот даден од раководството на школата. Во вторник на 10 јули Сенатот по жалбата на професорката Попова Рамова ќе одлучува на седница во Охрид.

Денеска започна изградбата на внатрешните станбени улици во новата населба „Златен рид“. За почеток багерите влегоа во улицата „Тодор Скаловски“ позади зградата „Аурум“. Од кредитот за изградба на улици во поранешната касарна што го подигна бившата локална власт во висина од 2 и пол милиони евра, останале пари, па новата локална власт донесе одлука да  прави уште десет нови улици во поранешната касарна.

Отстранет е проблемот што вчера се појави во работењето на Градскиот часовник и тој денес продолжи точно да го мери времето.

Од Општина Битола за Апла.мк соопштија дека надлежните веќе излегоа на терен и го лоцираа проблемот со механизмот на часовникот. Поради посебните специфики и стариот механизам беа потребни неколку часа за отстранување на проблемот.  Градскиот часовник  околу пладне повторно беше ставен во функција и продолжи да покажува точното време. 

Градскиот часовник во центарот на Битола денес запре со мерење на времето. Веќе неколку часови покажува четири часот и 45 минути, а времето си тече. 

"Бит Фест" преку својата програма дава уште една потврда на Битола како конзулски град. Тоа го прави преку културни настани чија организација е потпомогната од странските амбасади и конзулати во земјава.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани