2win800x200

Директно

Неколку училишта од Битола денес се исклучени од струја поради напластени долгови. Се работи за школи кои подолг период имаат блокирани сметки. Вработени во битолските училишта велат дека засега се исклучени шест, а нема информација дали без струја ќе останат сите оние кои должат и имаат блокирани сметки. Од ЕВН потврдија дека има исклучување од струјната мрежа на битолски училишта 

„Неколку месечните разговори со училиштата за изнаоѓање начин за расчистување на долгот не вродија со плод, па согласно законските прописи, како за сите корисници, така и за нив беше преземена последната мерка, односно исклучување. Остануваме отворени за изнаоѓање начин за расчистување на долгот“, рече Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН. 

Од Општина Битола се огласија со писмено соопштение дека се работи за затекната состојба во образованието од претходната власт која предизвикува дополнителни проблеми во работењето на школите.

Извонреден концерт на мецосопранот Ана Синицки вечерва во Завод и Музеј Битола. Салата беше претесна да ја собери публиката што дојде да го слушне моќниот глас на оперската пејачка со битолско потекло.

Светски познатата оперска пејачка Ана Синицки која вечерва настапува на „Бит Фест“ има битолски корени и вели дека чест и е да настапува во Битола. Концерти имала ширум светот, но нагласува дека Битола секогаш и недостига бидејќи ја навраќа во детството.

Локализиран е пожарот во комуналната депонија „Мегленци“ кој избувна вчера во попладневните часови. На екипите кои се на терен им пoмогна дождот што попладнево заврна во Пелагонија, но директорот на ЈП „Комуналец“ од Битола, Панде Боговски, вели дека опасноста и натаму е присутна, затоа што огнот тлее во внатрешноста на ѓубриштето

Од вечера попладне гори депонијата Мегленци каде Битола го одлага комуналниот смет. Огнот досега зафатил два хектари од ѓубриштето кое се збира на површина од шест хектари.  . Од Јавното претпријатие „Комуналец“ во соработка со Противпожаната единица од Новаци и вработени од РЕК од вчера попладне се на терен и се обидуваат пожарот да го стават под контрола.

Долги години маргинализираната Битола, во последно време стана центар во агендите на политичарите. За два месеца во градот двапати дојдоа премиерот Зоран Заев и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Со црн спреј исчкртани се десетина автомобили на македонски летувалци во туристичкото место Сарти, на вториот крак во Грција. Вандали синоќа исчкртале автомобили на велешани и скопјани што биле паркирани пред хотелот „Сарти бич“. Ја исчкртале ознаката МК на регистарските таблички од возилата, а со црна боја ги исшарале и задните делови на дел од возилата. Сите десет возила се понови, меѓу нив има мерцедес, тојота, пежо и други скапи марки на автомобили, кои имаат нови регистарски таблички со ознаката МК.

Оштетена е една од спомен плочите поставена на местото на областниот централен бугарски фашистички затвор кај Црн Мост во Битола. На плочата која е скршена на половина стои името на Илиоски Иге од Дрен, прилепско, кој бил стрелан во 1941 година.

Овде биле затворани 250 политички затвореници, учесници во НОВ и Антифашистичкото движење од Македонија. Педесет од нив биле осудени на смрт, 20 на доживотна затворска казна, а останатите на строг затвор до 20 години. 

Одржувањето на Реонскиот пазар во Нова Битола преминува во надлежност на сите  јавните претпријатија, а не само на ЈП „Пазари“. Советот денеска донесе одлука ЈП „Комуналец“ да ја одржува зелената површина, ЈП „Нискоградба“ канализационата мрежа, пасажите и скалите, а ЈП „Водовод“, водоводната мрежа. На овој начин, секое претпријатие ќе биде задолжено за нормално функционирање на работите  за кое е надлежно

Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола жестоко реагира на тенденцијата на уништување на спомениците и спомен-бистите на значајни личности од НОАВМ и бара надлежните да ги пронајдат сторителите и нивните мотиви за уништување на бистата на народниот херој Панде Јовчевски Кајзеро.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани