2win800x200

МАКЕДОНИЈА

Во седум часот утрово на време беа отворени сите гласачки места во Битола. Гласањето се одвива без проблеми. На 169 избирачки места право на глас имаат  81 738 гласачи.

Со свечена детска академија учениците од трето в одделение од Основното училиште „Елпида Караманди“ одбележаа 77 години од херојската  смрт на партизаните од народноослободителниот одредот „Пелистер“.  Свечената академија ја одржаа на оворено на плоштадот „Магнолија“, а содржината под водство на наставничката Фачне Јошевска ја подготвуваа три месеци.  

21 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама ќе се одржи годинава од 9 до 13 мај во Битола, иако Министерството за култура не им даде ни денар. Центарот за култура предводен од директорката Маја Андоновска Илијевски заедно со вработените потпирајќи се на средства на институцијата, финансиска помош од Општината, јавни претпријатија, фирми, па и индивидуалци од градот решија да не се откажат од фестивалот.

РЕК Битола започна со ремонтните активности предвидени за годинава. До средината на ноември ќе бидат направени редовни ремонти на Блок 1 и Блок 3 и капитален ремонт на Блок 2. Блок 1 ќе биде во ремонт до 3 јуни, по што следува ремонт на Блок 3 од 4 јуни до 7 јули. Осум години по модернизацијата, годинава капитален ремонт ќе биде изведен на Блок 2. Ремонтните активности на овој блок ќе траат од 15 август до 15 ноември.

Завршија формалните преговори на РЕК Битола со Министерството за животна средина на кои се усогласени сите мерки и рокови за комбинатото да добие А интегрираната еколошка дозвола.

Локалната власт во Битола го потпиша договорот  за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола. Претседателот на Совет Валентин Груевски за Апла.мк потврдува дека договорот за обнова на Офицерски во вредност од 1,1 милиони евра е потпишан,

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани