
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Бевме многу хумани луѓе. Сите работевме како медицински сестри на различни места, кој во болница, заводи, амбуланти. Но, мисијата на која не учеа во школото беше да им помагаме на другите луѓе и мислам дека останавме доследни на тоа“, вели Лепа Гегараковска, поранешена медицинска сестра од Заводот за деца со оштетен слух од Битола.
Универзитетските професори Тале Герамитчиоски, поранешен министер за образование и досегашниот ректор Сашо Коруновски се двајцата кандидати на изборот за рекор на Универзитетот „Св. Климент Охридки“ во Битола.
Советот на Општина Битола денеска ги усвои одлуките за подмирување на дел од долговите на училиштата со парите кои Владата ги пренамени за општините. Од вкупниот долг од 5 милиони евра кој го пријави битолската локална самоуправа до Министерството за финансии, кој училиштата го должат по различни основи, одобрени се 2,5 милиони евра. Овие средства веќе се на општинската сметка, а наскоро ќе почне трансферот на пари кон добавувачите кој го пријавиле својот долг.
Без денар поддршка од државата, а во исчекување дека Општина Битола ќе ги помогне, во четврток започнува 38 издание на детската ликовна колонија „Малиот Битолски Монмартр“ во Битола. На два дена пред почетокот на оваа реномирана детска ликовна манифестација од Министерството за култура не пристигнале ни 100 000 денари што Детското ликовно студио од Битола ги доби од Националната програма за поддршка на културата.
.Објавен е спотот за отворањето на 38-то издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ што од 23 до 30 мај ќе се одржаи во Битола и Охрид.На оваа престижна манифестација, која е една од најпознатите културни настани од нашата земја во светот, ќе учествуваат 80 деца и ликовни педагози од 15 земји. Организатор на „Монмартр“ е Детското ликовно стидио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола.
По 15 години битолските пожарникари добија нова заштитна облека и дишни апарати со компримиран воздух. Оние кои до сега ги користеа, беа набавени во 2004 година како донација и не беа нови.
„Ова мало општество, како што е нашето, навистна треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост, но и кон сите останати кои на овој или оној начин се разликуваат од сите нас. И тоа зависи од секој од нас“, порача премиерот Зоран Заев на денешната меѓународна научна конференција „70 години организирана едукација, рехабилитација и вработување на лицата со попреченост“ што се одржа во Битола.