АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По 20 години опстанок, постои опасност да згасне Интернационалниот фестивал на монодрама што со години традиционално се одржуваше во Центарот за култура во Битола.
Годинава фестивалот не доби ни денар финансиска поддршка од Министерството за култура. Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски на својот фејсбук профил реагираше:
„21 година Фестивал на Монодрама, член на интернационален форум One man show под УНЕСКО, оваа година не доби средства во годишната програма на Министерството за култура. Прво мислев дека неможам да го најдам, потоа дека е некоја грешка во објавувањето на програмата... Значи на крај е сепак 0 денари“.
Државна видеолотарија донираше 200.000,00 денари на Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ). Наша цел е да им овозможиме на младите средношколци-истражувачи да добијат нормални услови, во кои ќе можат да го развиваат и да го надградуваат својот талент, а притоа да бидат успешни амбасадори кои ќе ја претстават земјава во одлично светло пред меѓународната јавност.
Со набавка на нова механизација и опрема, ЈП „Водовод“ ги подобрува условите за работа за вработените, но и за одржување на водоводната мрежа во градот и руралните средини.
Општина Битола му испрати известување на изведувачот МС КОНСТРУКТОР ДООЕЛ Битола дека му го раскинува договорот за реконструкција на коловоз и тротоари на улицата „Климент Охридски“.
Во известувањето за раскин на договорот од страна на Општината, се наведува дека оваа мерка е превземена откако се пречекорени сите рокови за изведување на работите, предвидени во член 14 од Договорот за јавна набавка на работи склучен на 06.06.2017 година.
Познатиот и признат македонски дипломат, проф. д-р Ѓорѓи Филипов, поранешен Амбасадор на Македонија во Германија (2005-2010) , Австрија (2010-2015), Јапонија и Словачка, за апла.мк потврди дека најверојатно ќе поднесе кандидатура на отворениот повик на СДСМ за претседателски кандидат. Ова е првата официјална потврда, откако владеачката партија вчера одлучи на јавен оглас да го бара претседателскиот кандидат.
Битола и оваа зима со гуши во загаден воздух.
Голема мермерна плоча на кое е испишано името на Константин Мишајков, познат интелектуалец и ценет лекар, еден од најголемите добротвори на Битола, оштетена и скршена на четири дела, оставена е во дворот на црквата „Св Димитрија“ во Битола, меѓу купишта камења и други плочи. Хроничарот на градот, проф. д-р Александар Стерјевски, за апла.мк тврди дека станува збор за истата плоча која до скоро се наоѓала во црквата „Св. Богородица“, каде граѓаните на Битола во знак на благодарност кон Мишајков, ја поставиле пред повеќе од 100 години. Стерјевски прашува кој и зошто ја фрлил на ѓубриште.
Фокусот за годинава на Министерството за труд и социјална политика во процесот на деинституционализација е забрзана динамика на излегување на децата од големите институции, особено на бебињата од „Мајчин дом“ – Битола.
Целата декемвриска плата и дел од остатокот од ноемврската плата попладнево им е исплатена на вработените во ЗК „Пелагонијата“, откако денеска излегоа на протест.