2win800x200

МАКЕДОНИЈА

Борис и Васка Алтипармак се запишани на Почесниот ѕид на праведниците во Јад Вашем, Израел, кој е меморијален центар за Евреите погубени во Холокаустот. Тоа се битолчани кои во виорот на Втората светска војна успеале да спасат четворица млади Евреи од депортација во логорите во Полска. Од благодарност кон нивната хуманост, Израел пред 28 години им ја додели титулата „Праведни меѓу народите“, медали и сертификат на честа.

До крајот на годината ќе се избере фирма која треба да изврши реконструкција на електростатските филтри во РЕК „Битола“ со што испуштањето на ПМ 10 честичките петкратно ќе се намали. Ова беше соопштено на денешната работна средба на заменик претседателката на Владата и актуелен министер за одбрана Радмила Шекеринска со раководството на РЕК „Битола“ предводено од генералниот директор Васко Ковачевски.

Ураганско невреме ја зафати Преспа вечерва,  а жителите од овој крај на социјалните мрежи споделуваат видеа и фотографии од дождот, градот и силниот ветер кој  корнел дрвја, бандри  и носел покриви од куќи. Најпогодени биле селата во  Долна Преспа, каде невремето направило пустош во овоштарниците. 

Познатиот режисер Јане Бојаџи на својот ФБ објави видео со невремето во Преспа и напиша: Ова се случи пред половина час во Преспа! Ништо не е поубаво но и пострашно од природата во исто време! Боже, колку многу "природа"!

Со меѓународни искуства ќе се изработува нова стратегија за рамномерен регионален развој во државата. Законот кој е донесен пред 10 години не ги даде очекуваните резултати, па постои голем диспаритет не само меѓу регионите, туку и во рамки на регионите.

Денес во Поштата во Ресен ќе се употребува поштенски жиг со амблемот на Фудбалскиот клуб „Преспа“ по повод стогодишниот јубилеј од основањето. Ова е еден од најстарите фудбалски клубови во земјава и деновите слави еден век постоење. Жигот е изработен и ќе се поставува по иницијатива на ресенчанецот Горан Чуруковски, новинарот Зоран Трајчевски, а со помош на претседателот на ФК „Преспа“ Зоран Милевски.

Општина Битола делумно го поништи решението  за легализација на планинарскиот дом „Копанки“ донесено во 2015 година. Со ова се одзема сопственичкото право на Планинанрско спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола, и домот се враќа во сопственост на државата, информираат од Општината

Долгоочекуваната зелена нафта првите земјодлеците ќе ја добијат до крајот на месецот, а овој проект влегува во завршна фаза од реализацијата. Ова денеска во Битола го најави директорот  на Платежната агенција,  Никола Бабовски, и рече дека  на тендер е избрана компанија преку која ќе се набавува зелената нафта.  Со оваа мерка државата ќе им помага на земјоделците при набавката на гориво за мехнаизацијата со тоа што ќе покрива 30 отсто  од нивните трошоци. За таа намена годинава од буџетот ќе бидат потрошени 200 милиони денари, односно 3,3 милиони евра.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани