
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во март биле под максимално дозволените граници од 40 микро грами на метар кубен. Но, загрижуваат податоците за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микро грами на метар кубен. Ова е дел од Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола објавен од Платформата „Земи здив“.
Ликот на Исус Христос го изгравирала средношколката- иноватор Евгенија Дивитарова на 55 државен натпревар на млади истражувачи што викендов се одржа во Куманово. Целта ѝ била да покаже дека нејзиниот изум, цнц машината, може да гравира со ласер и во нијанси.
Делегација од германскиот град Бон во соработка со Општина Битола го разгледуваат идејниот проект на ЈП ,,Комуналец" за засадување на дендро парк во Битола.
,,Дендро парк во кој ќе се засадат дрвја што се успешни во регијата на Бон и Битола. Сето тоа би било пропратено со таблички и објаснувања за растенијата. Дури и локацијата е утврдена во главниот градски парк", рече директорот на ЈП ,,Комуналец" Панде Богоевски.
Компот од јаболка „А ла Преспа“, напишаа во иронија граѓани на фејсбук откако на страницата „Моја Преспа, мојот Ресен, мојата судбина“ беше објавена снимка од исфрлени јаболка во Преспанското Езеро. Не се знае кој се ослободил од непродадениот род во езерските води, а далгите веќе дел извадија на брегот во Претор.
Поставени се клупи и жардиниери на пешачката патека од Ленски мост до местото каде што беше некогашна „Хигиена“. Оваа урбана опрема им овозможува на минувачите да можат да седнат и да уживаат во старата чаршија. Само за жал, се уште има несовесни возачи кои со автомобили велгуваат во зоната и се паркираат иако тоа не е дозволено. .
Во неделата екипи од Јавното претпријатие „Пазари“ исчистија четири тони хартија во облик на гајби, други отпадни хартиени материјали, пластика, стакло и друг смет оставени покрај тезгите.
Евгенија Дивитарова, средношколка иноватор, е на чекор да изработи трета машина за гравирање со ласер. Оваа 17-годишна девојка е ученичка во Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола и самата ги смислува софтверите, ги дизајнира и конструира деловите од машината на која се врши гравирање на текст, фотографии, па дури и уметнички дела. Досега изработила две машини, а за втората ја доби наградата за „Млад иноватор“ на натпреварот „Макинова“ во октомври лани во Скопје.
По магнолиите во паркот кај Градскиот саат, расцветаа и јапонските цреши кои од пред неколку години корен фатија покрај Безистенот. Чудесни се боите на Битола во пролет.
