2win800x200

Акцијата за чистење на коритото  на реката Драгор, која започна на почетокот на август влегува во последната фаза. Механизацијата ангажирана од ЈП „Нискоградба“ денеска беше по течението во централното подрачје, односно на потегот од Ленски мост до Дрвеното мовче. 

Водата во реката Драгор денеска носеше  пластични шишиња, но не успеа да ги однесе, па дел од нив кај Ленски Мост се вртеа и превртуваа низ неа. Низ речното корито во центарот  на градот  веќе стана вообичаена слика  да гледаме пластичен отпад, ѓубришта, па дури и мебел фрлен во самата реката, а многу често водата пени како во неа да е истурен детергент или ги менува боите од бела до црвена.

Битолчани коментираат дека водата во реката Драгор можеби ќе се заштити од понатамошно загадување со изградба на колекторски систем  и пречистителна станица, но како ќе ја заштитиме од несовесните граѓани кои не ја гледаат како природно богатсво туку како депонија за да се ослободат од  сопственото ѓубре.

Телевизори, шпориња, фрижидери, фотелји и друга покуќнина  честопати може да се види во реката Драгор. Денеска оваа збирка е надополнета со двосед.

ЈП „Нискоградба“ утрово започна со чистење на коритото на реката Драгор од бујната вегетација.

Сопствениците на пекарата „Булевар“ лоцирана наспорти битолскиот Суд, денеска организираа акција за чистење на  ѓубрето што нивните потрошувачи го фрлаат во коритото на реката „Драгор“. Купишта најлонски кеси, хартија и остатоци од храна, висеа на внатрешната страна од коритото, на што бурно реагираа битолачни, посебно на социјалните мрежи.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани