2win800x200

Сеуште свежи се сеќавањата на над 120 вработени од битолските училишта и детски градинки, кои пред четири години, веднаш по преземањето на локалната власт од страна на СДС, беа избркани од работа и оставени на улица, рече на денешната прес конференција советничката Лидија Павловска. 

По вчерашниот демант на пресот на СДСМ што го испратија од  Општина Битола  дека за 2022 година е планирано да се набават возила во износ  од 3 милиони денари или 50 илјади евра,  а не како што тврди СДСМ од 13 милиони денари, денеска од локалната опозиција испратија реакција проследена со докумнет дека сепак со Буџетот за следната година се предвидени 13 милиони денари за набавка на  возила

„Ова е почитувани битолчани документ кој потврдува дека градоначалникот Тони Коњановски или не знае што има предвидено во Буџетот за 2022 година или ја лаже јавноста. За нови возила не се предвидени 3 милиони денари како што тврдат од општината, туку точно 10.494.252 денари. Плус ДДВ се доаѓа до сумa од околу 13 милиони денари. Затоа уште еднаш прашуваме колку и какви нови возила планира да набави Тони Коњановски со 13 милиони денари, односно со над 200.000 евра? Зошто во услови на здравствена, економска и енергетска криза приоритет на новиот градоначалник Тони Коњановски е купувањето на нови возила? Коњановски не дава пари за субвенции за клими, нема за катни гаражи, нема за велосипедски патеки, нема за ново училиште во Буковски ливади, ама има за нови возилаБараме градоначалникот Тони Коњановски да се откаже од набавката на новите возила во кои сака да ужива додека граѓаните мака мачат со секојдневни проблеми. Парите предвидени за нови возила Коњановски да ги пренамени за кошаркарскиот клуб или за проект за катна гаража или за документација за велосипедски патеки“ се наведува во рекацијата на СДСМ. 

 

Пратеничката од Битола и универзитетски професор, Бисера Костадиновска Стојчевска  и официјално е нов потпретседател на СДСМ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани