2win800x200

Интегрален текст од изјава на Елена Кромидаровска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ

 

 
ДПМНЕ и градонадалникот Тони Коњановски за да ја прикријат својата неспособност во менаџирањето на Битола и за да бидат поубедливи во своите лаги, секојдневно ја бараат вината пред централните институции. Го прашуваме Коњановски дали документот што се чекаше од Министерството за животна средина е стигнат во Општина Битола бидејќи според информации од министесрството, тој е потпишан и испратен по пошта. Зошто за истиот не ја информирате јавноста или планирате следниот прес ќе го држите пред Македонски пошти како ваш нов виновник?  праша на прес конференција советникот од СДСМ Петар Николовски.
 
Комисијата за трансформација на работните места на наставниците во
битолските училишта се одржа на 10ти март. Поминаа 15 дена. Прашуваме колку
време и е потребно на Општина Битола да го изработи записникот и да го проследи до
Министерство за образование? Дали и за оваа ваша неспособност ќе им се правдате
на битолчани и на наставниците пред министерството во Скопје?
 
Време е ДПМНЕ, да престане да ги троши парите од буџетот на патувања за партиски
пресови во Скопје за да ја оправда неспособноста за водење на локалната самоуправа. Градоначалниче Коњановски, вразумете се дури не е предоцна и започнете со работа
во интерес на битолчани, а не во интерес на вашите партиски ментори, рече Николовски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани