2win800x200

Интегрален текст од изјава на Жаклина Наумовска, советничка во Советот на Општина Битола

„Деновиве градоначалникот Коњановски конечно ги посети средните училишта во градот и тоа Таки Даскало и Техничкото училиште Ѓорги Наумов. Притиснат од фактот дека откако е дојден на функцијата градоначалник, за капитални расходи за средните училишта не издвоил ни денар од општинскиот буџет,  што јасно може да се види од објавените квартални извештаи за 2022 година, Коњановски мораше да ги промовира проектите реализирани од градоначалничката Петровска и директорите поставени од СДСМ, колку да остави впечаток дека сепак нешто работи“, обвини Весна Баковска од СДСМ Битола.

Таа посочи дека во Техничкото училиште Коњановски се сликал на спортските терени, во спортската сала, ги промовирал и другите зафати од времето на претходниот директор и локална власт, финансирани од дотациите од централниот буџет и донации, а Коњановски ги прикажал како да се направени со пари од општината.

„Пред да одите во училиштата, било средни било основни, проверете што сте направиле  за подобрување на состојбата во истите бидејќи лагата има кратки нозе. Можеби Вам ви е важна партиската кампања, но помислете малку и на учениците и професорите за унапредување на условите во кои работаат и учат.
Време е од општинскиот буџет да издвоите пари за реконструкција на училиштата и да ја продолжите праксата на Вашата претходничка која на образованието му даде висок приоритет“, рече Баковска и упати прашање: „Кога планирате да почните да го градите училиштето во Буковски ливади?“

По повод 3-ти декември, меѓународниот ден на лицата со посебни потреби , Форум на жени СДСМ Битола  и ЛК СДММ Битола , организираа хуманитарен настан под мотото "И НИЕ СМЕ ТУКА"

Собраните средства ќе бидат донирани во институциите каде престојуваат и учат деца со посебни потреби за нивното образование и едукација да се одвива без застој

Интегрален текст од изјава на Дејан Србиновски, член на комисија за енергетика

Интегрален текст од изјава на Жаклина Наумовска, советник во Советот на Општина Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани