2win800x200

Интегрален текст и видео од прес конференцијата на Јасмина Буневска Талевска,  советник во Општина Битола од редовите на СДСМ Битола. 

Советникот од ВМРО – ДПМНЕ, Михајло Вангелов, веднаш да си поднесе оставка од функцијата во Советот на Општина Битола и од работното место во Клиничката болница во Битола, побараа од СДСМ.

„Михајло Ванглов денес е обвинет за тешко кривично дело против здравјето на луѓето.

Основното јавно обвинителство против него поднесе обвинение за смртта на новороденчето во октомври 2019 година, заради несовесно постапување при укажување на лекарска помош. Лекар осомничен за несовесно работење повеќе не може да остане на своето работно место во Клиничката болница во Битола.Советник против кого обвинителството покрена обвинение за кривично дело не може да ги претставува битолчани во Советот на Општина Битола“, рече Андреј Стојановски, член на ИО на СДСМ Битола.

Тој ги упати и следните прашања: „Градоначалниче Коњановски, вие сте доктор и кој е вашиот коментар за обвинетиот колега лекар? Претседателке на Совет на Општина Битола вие сте и здраствен работник, па прашуваме дали ќе побарате оставка од вашиот советник и колега?„

Стојановски потсети дека Вангелов еднаш веќе беше осуден на осум месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, но се спогоди со Обвинителството да не оди в затвор ако во период од три години не направи ново кривично дело.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани