2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1999 тестирања, а регистрирани се 530 нови случаи на ковид-19 во:

Еден час после пладне најсаканиот дедо на светот, Дедо Мраз, пристигна во Битола. На плоштадот Магнолија го дочекаа најмладите, дечињата кои се поздравија и се сликаа со него.


-Програмите на Општина Битола за 2021 година која е последна година на владеење на СДСМ во Битола се досега најамбициозни, најнереални, предимензионирани, рече на денешната прес конференција советникот Иванчо Тошевски

 

Општина Битола го осовременува игралиштето во населбата Буковски ливади.

Започна монтажата на нова гумена подлога

-Општина Битола ја заменува подлогата на кошаркарското и фудбалското игралиште во населбата Буковски Ливади. 

Целата постапка ја изведе Општината а се инвестирани околу 30.000 евра.Следно ќе биде кошаркарското игралиште во паркот кај ОУ „Стив Наумов“-Битола, рече Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола. 

Собранието при Здружението на пензионери од Битола денес ја одржа шестата седница на која беа усвоени програмата за работа во 2021 година, финансискиот план за следната година и програмата за работа на Надзорниот одбор.

„Финансискиот план е како и во претходната година бидејќи во бројот на пензинери нема голема разлика. Приходите се главно од членарината на пензионерите и мал дел приход од кирии од осум станови кои ги има Здружението и еден деловен простор“, рече Крсте Белевски, претседател на Собранието.

Од понеделник раководството на Битолското здружение ќе се сретне со претставници на Шумското претпријатие во Скопје за да се дефинираат подробностите околу уписот на дрва за огрев за 2021 година.

„Во понеделник со претседателот Томе Димитровски имаме таква средба во Скопје. Веќе е испратена понуда за количина на дрва за следната година, ќе ги дефинираме работите и по празниците ќе објавиме дека ќе започнеме со упси на пензионери кои преку Здружението сакаат да си набават дрва за одгрев за следната зима“, рече Белевски.penzio3

Големата сцена на Народниот театар во Битола од денеска ќе го носи името на Благој  Стефановски-Баге, беше соопштено денеска на комеморативната седница посветена на животот и делото на Стефановски кој почина на 3 декември, на 67 годишна возраст.

-Благодарам, се извинувам што не ти кажав балгодарам тогаш кога требало. Ама тоа е во човековата природа. Ти благодарам за многу работи поврзани со мојата театарска кариера. Ми претствува ограмна чест да ви соопштам дека оваа сцена на која што денеска стоиме, позната како Големата сцена на НТБ од денес ќе го носи името „Благој Стефановски Баге“, во чест за сето она што го направи за нашиот Народен театар, за оваа сцена и за неговата неисцрпна борба во сите години наназад, рече Илина Чоревска, уметнички директор на НТБ, по што присутните со громогласен аплауз му одадоа почит на Баге. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани