2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Правната клиника при Правниот факултет во Битола пред Новогодишните празници успеа да развесели сто деца, од кои најголемиот дел со здравствен или социјален ризик. Хуманитарната акција што ја организираа опфати:

  • Донација за 7 деца, ученици од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола, кои меѓу другото доаѓаат од семејства кои се наоѓаат во тежок социјален ризик. За овие деца обезбедија комплетни пакети со многу производи.
  • Донација за 51 дете од истиот Завод кои наставата ја следат со физичко присуство. За секое од нив беа подготвени покрај новогодишни, и едукативни и школски пакетчиња во зависност од нивната возраст.
  • Донација за Завод за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола. Донацијата се стостоеше од средства за дезинфекција и одржување на хигиена, техничка опрема, како и донација во школски и едукативни материјали наменети за учениците од предшколска возраст.
  • Донација за 35 деца- на возраст од 3-7 години, штитеници на здружението СУМНАЛ. Беа поделени покрај новогодишни, и едукативни и п акетчиња со зимски опрема.
  • Донација за 14 деца- штитеници на здружението РИЛУКА во новогодишни, и едукативни пакетчиња зависно од нивната возраст.

„Моќна и магична е хуманоста. Нова година и Божиќ, како и ред други празници се само денови кога повеќе се размрдуваат емоциите на луѓето и ги тераат да размислуваат дека треба да им се помогне на немоќните. Затоа, ние како Правна клиника се потрудивме, со сите сили, да ја активираме хуманоста и да докажеме дека и во време на Ковид 19 , таа не е ретка птица која лета во рамките на напатеноста! Животот во овие тешки времиња, очигледно го разбуди човекот во нас и не направи пресреќни и нас како организатори и сите дечиња на кои празниците им ги направивме поубави, повесели и со надеж за подобро утре“, велат организаторите.

Тие им се заблагодарија на студентите од Правната клиника и дел од колегите од Правниот факултет-УКЛО-Битола, како и на други фирми кои ја помогнаа акцијата.ова

 

Нереален и предимензиониран  е Буџетот  за 2021 година. Вака  советникот од ПОДЕМ, Никоче Јанкловски, на прес конференција денеска го оцени Буџетот што го изгласа мнозинството од власта вчера  по 5 и пол часовна дебата во Совветот

На последната, 67-ма по ред седница на Советот на Општина Битола за 2020 година, Која се одржа по електронски пат, од страна на советниците беше усвоен Буџетот на Општина Битола за 2021 година, во вредност од 2.165.719.368 денари.

Нови 30 таблет компјутери одат во рацете на учениците од ранливите категории од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола. Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со претставничката на програмата РОМАКТЕД Фатма Бајрам Аземовска го посетија училиштето и се запознаа со начинот на изведување на наставата, како и со потребата на децата од ваков вид помагала за квалитетно одвивање на наставата.

Заврши асфалтирањето на ул. „Партизанска“ во должина од 730 метри, откако претходно комплетно беше променета водоводната и канализационата мрежа, а се изврши промена и на водоводните и канализационите приклучоци.

Во моментов се работи на поставување на тротоар и нова патека на дел од улицата, а екипите на терен вршат порамнување и отстранување на градежниот шут. Градоначалничката Петровска и екипа од општината задолжена за реализација на овој проект, извршија увид во досегашните активности, а беа запознати о тековните активности на уредување на тротоарските површини.

Општина Битола за овој проект од сопствениот буџет инвестираше 21.931.512 денари за промената на водоводните и канализационите приклучоци, како и за новиот коловоз и сегашното тротоарско уредување. Преку Министерството за транспорт и врски за промена на водоводната и канализационата мрежа беа обезбедени 13.857.940 денари.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани